Вратете го сјајот и убавината на косата по летните одмори


Здраво драги мои,

за некои од нас летните одмори се далечно минато,  други пак ги уживаат последните денови на море. Како и да е она што сите го имаме заедничко по завршувањето на летото е посува и оштетена коса како резултат на сонцето, морската или базенската вода. Доколку се препознавте во описот без грижа, овде сум да ви помогнам да ја подобрите состојбата на косата со помош на еден прекрасен третман во 2 чекори од марката Натура Сиберика. Станува збор за производите од линијата "Tame my hair", односно маслениот третман и шампонот за коса. Ајде да ги разгледаме посебно.


1. Маслен третман за обнова и регенерација на косата

Станува збор за една феноменална комбинација на масла како кокосово, рицинусово, масло од ленено семе, маслиново масло кои имаат неверојатно обновувуачко и регенеративно дејство врз косата. Богати со витамин Е, овие масла го враќаат сјајот на косата (кој знаеме за време на летните одмори под дејство на сонцето и морската вода некако исчезнува), длабински ја регенерираат косата (особено маслото од рицинус) и ја прават самата коса поздрава и поубава.

Во самата формула понатаму се присутни и екстракти како рузмарин и сибирски бор кои имаат одлично дејство кога станува збор за правилната циркулација на косата и помагаат да се спречи опаѓањето на косата, особено сега кога се приближуваме и кон преоден период, односно есенската сезона. 

Производов воопшто не содржи силикони или пак навтени деривати и вистински ја негува косата. Се нанесува на благо навлажнета коса (со кратка масажа на темето со цел да се поттикне циркулацијата) и се остава да делува околу 20 минути (јас лично го оставив 40 минути).

По истекот на времето убаво се мие со шампонот од истата линија за кој ќе говориме во продолжение на статијата. Ова прекрасно масло за коса може да го нарачате онлајн на https://www.bellina.mk или да го купите во еден од нивните БиоШоп по цена од 400 мкд. за 100 мл. производ.

 Исто така ова масло може да го користите и како производ за стајлинг на косата (особено како заштита од фенирање), во овој случај доволни се буквално две до три капки кои најнапред ќе ги загреете помеѓу прстите, а дури потоа ќе ги нанесете врз врвовите или по должината на косата.

Во зависност од состојбата на косата, овој третман се користи еднаш додвапати неделно.

2. Шампон за регенерација и нега на косата

Овој шампон од истата линија "Tame my hair“ навистина ме остави пријатно изненадена. Очекував убав перформанс со оглед на тоа што декларацијата е прекрасна, меѓутоа она што беше изненадувачко е фактот што косата ми остана чиста цели 3 дена (што е вистинска реткост со многу други шампони).

Од декларацијата најнапред може да забележиме дека станува збор за одлично избалансирана формула, нешто што е многу важно, и одговара за сите типови на коса, па дури и кај оние кои имаат чувствително теме.

Како што веќе напоменав базата е одлично избалансирана (се мисли на сурфактантите) што го прави самиот производ нежен за косата. Комплексот на керамиди го измазнуваат и хранат влакното, додека екстрактите како оние од рузмарин и сибиски бор ја зајакнуваат косата. Во самата формула присутни се и масла како она од сончоглед кое е богато со вит. Е и ја храни косата, како и масло од ленено семе кое го зголемва сјајот на самата коса. Маслата од вочји трн и капина ја хранат и омекнуваат косата правејќи ја полесна за расчешлување.

Шампонот се користи на тој начин што мала количина се раствора во два прсти вода и се нанесува на мокра коса. Доколку пред пампонот не сте ставиле масло или било каков маслен третман, доволно е само едно шампонирање. Во случај на маслен третман направете две шампонирања на косата. 

Овој производ може да го нарачате онлајн на https://www.bellina.mk или да го купите во еден од нивните БиоШоп по цена од 365 мкд. за 200 мл. производ. 

Драги мои, ја се надевам дека оваа статија ви се допадна и се надевам дека ќе им дадете можност на овие два навистина прекрасни производи. Во продолжение ви оставам едно видео во кое практично покажувам како се употребуваат овие два производи и секако на крај ќе го видите и резултатот врз косата.

Ние се читаме наскоро.

Бидете ми добро

Вики

Comments