Tree of Life масло од арган - жолто злато од Мароко

 


Маслото од арган се добива од плодовите на дрвото Argania Spinosa кое расте во Мароко. За подготовката на 1л. масло од арган потребни се 100 кг. плод од ова дрво. До пред некое време, ова масло беше произведено исклучиво рачно од страна на мароканските жени, меѓутоа како расте интересот за ова “мароканско злато“ процесот се механизираше со цел да се задоволи побарувачката на пазарот. Некои мали фирми сеуште го произведуваат рачно. Едно од тие масла е токму ова на Tree of Life за кое ќе говориме во денешнава статија.


Маслото од арган е богат извор на витамините А, Е и Ф, како и омега 6 и 9 масни киселини. Токму поради овој свој состав маслото од арган е од голема важност за убавината на кожата: витаминот А е неопходен за убавината на нашата кожа, витаминот Е има антиоксидантно дејство и го забавува процесот на стареење на кожата, додека витаминот Ф е неопходен за задржување на еластичноста на кожата. Омега 6 и 9 масните киселини се неопходни за правилно функционирање на организмот, со оглед на тоа што нашиот организам не може да ги произведе сам по природен пат.

Постојат два вида на масло од арган: она за козметичка употреба, кое е само ладно цедено (во никој случај не треба да се користи внатрешно), и она за внатрешна употреба каде плодовите од арганот најнапред се тостираат. 

Најнапред да разјасниме како правилно да се одбере маслото од арган и како да препознаете дали едно масло кое сакате да го купите е чисто или не. На амбалажата на самото масло треба да стои само ботаничкото име на маслото. Сите мешавини со течен парафин (paraffinum liquidum) или пак со силикони како Cyclopentasiloxane, Dimethicone и Cyclomethicone се многу лоша комбинација и претставуваат начин на заработка на фирмите (на штета на конзуматорите секако). Затоа од огромна важност е убаво да се контролира декларацијата пред да го купите производот.


Доколку ја разгледаме декларацијата на овој производ може да забележиме дека има само една единствена состојка односно Argania spinosa kernel oil, кое е латинското име за арганот. Сертификатите од страна на Ecocert се гаранција плус за органски и квалитетен производ. Станува збор за 100% чисто ладно цедено и органско масло кое е всушност и најценето, со оглед на тоа што во себе ги задржува сите хранливи состојки и витамини.  

Ова масло е директно деонесено од Мароко, рачно изработено според старите традиционални методи. Нешто што многу ми се допаѓа кај овој производ е амбалажата. Навистина обожавам како секој детаљ е на свое место, се гледа дека производителот посветил огромно внимание како на квалитетот на маслото, така и на надворешниот изглед на амбалажата. Најнапред да напоменам дека шишето е стаклено и темно кое е од огромна важност за правилно складирање на аргановото масло и го штити од предверемено ужегнување и расипување на истото.

Како што ви ветив во една од претходните најави, ова масло го пробав за неколку различни употреби (за кои ќе говорам во продолжение на оваа статија). Имам пробано навистина многу арганови масла и можам да кажам дека ова е едно од оние кои ги сметам за супериорни и со висок квалитет. Друга одлична карактеристика на ова масло е што воопшто не содржи никаков додаток на парфем или мирис што го прави погодно дури и за оние лица кои имаат многу чувствителна кожа која лесно се иритира.


Маслото е погодно за сите типови на кожа (знаете колку сум против изјавите дека оние кои имаат комбинирана или масна кожа треба да избегнуваат маслени производи), тајната е во начинот на употреба и количината секако.

Во случај на сува коса или пак како средство за заштита и стајлинг на косата, капнете меколку капки од ова масло и протријте го најнапред помеѓу прстите. Нанесете го на врвовите на косата. По само неколку употреби ќе забележите висок сјај, а структурата на косата со текот на употребата ќе се подобри.

Во случај на проблем со сув првут, ова масло може да биде ваш вистински алеат во подобрување на состојбата. Пред секое миење потребно е да нанесете мала количина од маслото само на коренот од косата, да оставите да делува околу 15 минути и потоа да измиете со благ шамон.

Во случај на сува кожа на лицето во советувам ова масло да го користите во комбинација со вашот ноќен крем: на дланката ставете мала количина од кремот и капнете две капки од ова масло и таа смеса нанесете ја на кожата на лицето.


Во случај на комбинирана или масна кожа сепак може да го потебувате ова масло во комбинација со серум за лице. Честопати комбинираната или масната кожа може истовремено да биде дехидрирана (сѐ поголем е бројот на девојки кои се жалат од оваа проблематика), така да ова масло може да биде од огромна помош. На дланката ставете мала количина од серумот и капнете една до две капки од ова масло. Доколку користите серум на водена база, аргановото масло ќе ја подобри хидратацијата на самата кожа, односно ќе направи да кожата сама се нормализира. Секако многу е важно производите кои го користите како серуми и средства за измивање да бидат природни и без филмогени состојки, со цел да се добие максимален ефект.

Ова масло може да го нарачате по цена од 850 мкд. на инстаграм профилот и фејсбук страната на Tree of Life. Верувајте кошта помалку од многу поризводи од овој тип присутни кај нас на пазарот. Кога ќе ги земеме предвид квалитетот на маслото, стаклената амбалажа и секој детаљ во презентацијата на истото, ќе сфатиме дека оваа цена не само што е комплетно оправдана, туку и е солидна, со оглед на тоа што добиваме 50 милилитри врвен производ во врвна амбалажа.


Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со нови интересни содржини.

Ве гушкам
Вики

Comments