Неизбежни производи од марката Organic People за оддржување на хигиена кога се има деца дома

 


Здраво драги мои,

сега, повеќе од било кога, ни станува јасно колку сме ги злоупотребиле сите можни ресурси на нашата планета, и колку малку се интересираме за штетниот импакт, особено од средствата кои ги користиме за хигиена на домовите. Во оваа категорија спаѓаат секако и седствата за перење на алиштата. 

Многу е важно да сфатиме дека може да миеме и оддржуваме хигиена без употреба на тешки хемиски средтсва, особено доколку станува збор за децата кои како најнежна категорија многу често страдаат од алергиски реакции од самите средтсва. 

Токму затоа во оваа статија би сакала да ви претставам два производи наменети токму за нашите најмили, односно детергент за перење на бебешки и детски алишта и средство за миење на детските играчки и садови од марката Organic People, сертифициран од страна на ICEA како еколошки органски производи. Пред да проговориме за самите производи би сакала да разјаснам нешто околу сертификатот кој ICEA го издава за средтсвата за чистење и хигиена на домовите.

Едниот сертификат може да го најдете под името ICEA Eco Cleaners и се дава во случај на производи кои ги исполнуваат сите критериуми за еколошки производ кој истовремено го извршува она за кое е наменет, меѓутоа нема минимално барање колку од состојките треба да бидат од органско потекло. Од друга страна пак, ICEA Eco Bio Cleaners се става на оние производи за хигиена на домовите каде освен критериумот за еколошки производ со минимум импакт врз околината и одличен перформанс, се додава и критериум за употреба на минимум 20% состојки од органско потекло во вкупната формула. 

Како и да е и двата сертификати го гарантираат следново:

- формули направени со минимум 95% состојки од природно потекло;

- обврзни дерматолошки тестови за оние производи кои доаѓаат во контакт со кожата;

- тестови кои ја докажуваат ефикасноста на производите;

- cертификат и контрола извршени според нормата EN 17065

Откако го разјаснивме ова, може да преминеме на анализа на производите кои ги одбрав за денешнава статија. 

Многу често, скоро секогаш, мајките ме прашуваат за средства за перење на бебешките алишта кои нема да предизвикуваат алергиски реакции кај нивните најмили (или барем ќе ги сведат на минимум), меѓутоа сепак ќе измиваат добро на најшрироден можен начин. Токму затоа и се одлучив да ви го претставам ова средство кое како база содржи сурфактанти кои имаат минимален импакт врз околината и што е најважно минимална можност за алергиски реакции. Какошто може да забележите и од самата слика на производот, итиот одржи ертификат за ако био производ кој овен тоа што мора да ги иполнува нормите за минимален импакт врз околината, минимум 20% од целокупната формула потребно е да доаѓа од органско потекло.

Јас го пробав и мора да кажам дека има многу нежен мирис (скоро неосетлив) за разлика од класичните средства за перење на бебешки алишта, и во свјот состав содржи екстракт од органска камилица и сапунски орев.

Се користи на следниов начин

Како што може да забележите погоден е како за рачно, така и за машинско перење, и најдоброто е тоа што не содржи тешки хемикалии.

Производов може да го најдете онлајн на www.bellina.mk или во нивните БиоШоп позади цветен пазар и во новиот трговски East Gate по цена од 615 мкд. 

Вториот производ кој сакам да ви го претставам е средството за миење на бебешки играчки и садови од истата марка. 

Овој производ се користи исто како кога би се користел детергент за миење на садови, односно мала количина се става врз крпа или сунѓер и со неа се измива производот (играчката или саодот) кој потоа темелно се измива со течна вода. Ја го пробав и она што моеа да го наглаам е дека воопшто не ја суши или надразнува кожата на рацете при употреба (а наменрно го пробав без ракавици).

Формулата е биоразградлива со минимален импакт врз околината. Во својот состав содржи екстракт од зелен чај и праска и има навитина пријатен мирис на праска. 

Овој производ, како и претходниот, може да го најдете на www.bellina.mk или во нивните БиоШоп позади цветен пазар и во новиот трговски East Gate по цена од 245 мкд.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корит, а вие дајте им шанса на овие два производи, верувајте ми ќе отанете задовол ни.

Се читаме наскоро

Вики




Comments