Најдобар празничен подарок за нашите најмали


 Здраво драги мои,

обично за време на празниците (божиќни и новогодишни) имаме обичај да купуваме пакетчиња со разни чоколади и слатки...Меѓутоа, што ако оваа година наместо слатки (кои честопати и не се здрави најнапред за забите, а потоа и општо за децата) подариме нешто што ќе допринесе за здрава и правилна орална хигиена кај децата која во оваа возраст е многу важна и база за понатамошното здравје на забите?

Токму така, во оваа статија ќе ви предложам органски детски пасти и четки, кои верувајте ми ќе ве воодушеват, како од квалитетот, така и од цената. Станува збор за три прекрасни сертифицирани и проверени марки, односно Natura Siberica, Lavera и The Humble Co.

Може да се зборува за орална хигиена (со пасти и четки за заби) од моментот кога во детската уста ќе се појават барем неколку запчиња. Иако на првата паста која ќе ви ја претставам од марката Natura Siberica пишува од 0+, сепак според мене најдобро е доколку се користи од 1 година па нагоре. 

Доколку се земе предвид декларацијата, станува збор за еден многу убаво формулиран производ на база на сок од алое вера, масло од волчји трн, глицерин, ксилика и екстракти кои на природен начин ја оддржуваат правилната хигиена во устата. Има многу пријатен вкус на бобинки кои децата навистина го сакаат. Цената на овој производ е 345 мкд и истиот може да го најдете онлајн на www.bellina.mk/ и во нивнте БиоШоп кај цеветен пазар и во East Gate.

Втората паста за заби е намента за деца на возраст од 2 до 6 години и е од марката Lavera . Оваа е една од моите омилени марки и мора да напоменам дека на сајтот на www.bellina.mk/  моментално е на попуст од 50% и истата ќе може да ја земете по цена од 175 мкд, наместо 350. Лично ги обожавам сите формули на Лавера. 

Стриктно оваа детска паста содржи екстракти од нане и невен кои имаат смирувачко дејство, потоа алое вера гел, глицерин, ксилитол и силика. Формулата е феноменална и одлично избалансирана има одличен вкус и мора да напоменам дека моите внуки ја обожаваат. 

Третата паста за заби која сакам да ви ја предложам е од марката The Humble Co. Станува збор за една нова марка која е веган, со убаво избалансирани и природни формули, која за првпат ја рецензирам. Оваа паста е со арома на јагоди (многу пријатна) и соодветна за деца од 2 до 6 години. Како состојки содржи сорбитол, ксилитол, силика и екстракт од магнолија.

Која и паста да ја одберете, бидете сигурни дека ќе земете производ кој е природен и што е најважно сигурен за вашите деца.

Оралната хигиена не може да биде комплетна без соодветна четка за заби, па токму затоа би сакала да ви ги претставам овие на The Humble Co кои се направени од бамбус, комплетно eco -friendly и во склад со природата. Има разни бои и видови од оваа четка (од онаа со помеки влакна до онаа со нијанса поцврсти) во зависност од она што ви треба и што го сакате секако. 

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Топло ви препорачувам да ги пробате овие производи за орална хигиена на вашите деца, верувајте ми ќе останете задоволни, а пред сѐ ќе земете нешто што е природно, проверено и во склад со природата. Ние се читаме наскоро.

Вики


Comments