Витамин Ц за пролетна нега на кожата


 Здраво драги мои,

иако според снегот кој падна денес како да сме во декември месец, сепак од денес официјално навлеговме во пролетта. Пред околу недела дена објавив едно видео за пролетна нега на кожата, производи, третмани и прочистување на организмот, и со оглед на тоа што имаше доста интерес за тоа, како што ветив и во самото видео, во оваа статија ќе направам рецензија на производите кои ви го покажав во видеото и секако ќе ви дадам додатни информации за правилно прочистување или детокс на црниот дроб.

Ајде да започнеме со рецензија на производите за кои добив навистина многу прашања. Станува збор за линијата со Ц витамин на марката Натура Сиберика.

Лесен крем-флуид со Ц витамин

Во голем број на статии имам напоменато колку е важен витаминот Ц за здрава и убава кожа, ообено сега со надоаѓање на убавите денови. Преминот од едно во друго годишно време, особено кога станува збор за премин од зима кон пролет, не е секогаш лесно за нашата кожа. Ц витаминот е од огромна помош за здрава и убава кожа благодарение на антиоксидантното дејство против слободните радикали. Токму затоа почнувајки од сега, па до крајот на летото слободно користете производи на база на Ц витамин.

Овој флуид на марката Натура Сиберика ми се допаѓа навистина многу, не само поради формулата, туку и поради ефектот кој го има врз самата кожа. Има преубава лесна флуид структура и според мене е одличен за сите оние кои имаат нормална накај комбинирана и масна кожа. Не ја отежнува кожата, не остава масна трага и дава преубав јај на самата кожа. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата

Aqua, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, Octyldodecanol, Carrageenan, Panthenol, Niacinamide, Sodium Stearoyl Glutamate, Hippophae Rhamnoides Fruit Oil*, Sodium Ascorbyl Phosphate, Hypericum Perforatum Extract*, Nuphar Luteum Root Extract*, Sambucus Nigra Flower ExtractWH, Aralia Mandshurica Leaf/Stem Extract*, Achillea Asiatica Flower/Leaf/Stem ExtractWH, Angelica Archangelica Root ExtractWH, Sodium Hyaluronate, Tocopheryl Acetate, Cellulose Gum, Citric Acid, Benzyl Alcohol, Ethylhexylglycerin, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Parfum, CI 19140, Citral, Geraniol, Limonene, Linalool.

Од самата декларација може да забележиме дека базата на овој производ е многу лесна. После водата има глицерин кој ја подобрува хидратантноста на овој производ и има омекнувачки ефект врз кожата, па каприлик карик кое е многу лесно масло погодно за сите типови на кожа. Нијацинамидот однодно вит. ПП е одличен не само за оние кои имаат проблематична кожа туку и за оние кои имаат проблеми со црвенила и иритации. Го компетира и анти ејџ дејството на Ц витаминот . Понтаму содржи преубави екстракти од сибирски бобинки кои исто така се богати со Ц витамин и од основна важност за здрава и убава кожа.

Според структурата како што веќе кажав одличен е за сите оние кои имаат нормална кон комбинирана и масна кожа и за оние кои во текот на летниот период не трпат производи кои даваат масен ефект или пак тешки роизводи на кожата. Овој производ кожата навистина многу лесно го впива. Се користи наутро и навечер на убаво исчистена кожа.

Маски за нега на кожата со Ц витамин на Натура Сиберика

Како комплементарна нега на кожата заедно со флуидот кој претходно ви го предложив може да ги пробате овие две маски во кои комплетно се заљубив: регенеративна маска со Ц витамин и турбо енерџи маска со Ц витамин. Првата е повеќе погодна за оние кои имаат нормална накај сува кожа, додека втората според структурата за оние кои имаат нормална накај комбинирана и масна кожа. 

Регенеративна маска со Ц витамин

Оваа маска има убава густа структура и како што веќе напоменав е одлична за оние кои имаат нормална накај сува кожа.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERYL STEARATE, GLYCERIN, CETEARYL ALCOHOL, NIACINAMIDE, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT WATERʷʰ ʰ, SODIUM ASCORBYL PHOSPHATE, AQUILEGIA SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ, ARALIA MANDSHURICA LEAF/STEM EXTRACT*, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT*, DASIPHORA FRUTICOSA EXTRACTʷʰ, SALVIA OFFICINALIS LEAF EXTRACT*, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT OIL*, SODIUM HYALURONATE, UBIQUINONE, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, XANTHAN GUM, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, ETHYLHEXYLGLYCERIN, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CI 15985, COUMARIN, LIMONENE, LINALOOL.

По водата има шеа путер кој е одличен за кожата и две убави лесни масла кои на некој начин се надополнуваат односно каприлик каприк и коко каприлат. Има убава богата структура и екстракти кои се богати со Ц витамин како сибирски бобинки и масло од волчји трн, како и Ц витамин во стабилната форма содиум аскорбил фосфат. Коензимот Q10 ја збгатува и онака убавата формула и го прави самиот производ одличен и за повозрасна кожа. 

На етикетата на производот пишува дека се нанесува на чиста кожа и се држи околу 10 мин., меѓутоа доколку сакате подобар ефект и кожа која блеска ви советувам во првиот месец да го користите двапати неделно тенок слој под кремот. Навечер на убаво исчистено лице нанесете многу тенок слој (како кога би нанеле крем) од оваа маска, па кога ќе се впие ставете од флуидот од истава марка. На овој начин ќе го подобрите ефектот на кремот (особено ако имате сува кожа) и изутрината, вашата кожа ќе има здрав и убав сјај.

Турбо енерџи маска за лице на Натура Сиберика

За разлика од првата, оваа маска има лесна гел структура и повеќе е погодна за сите оние кои имаат комбинирана до масна кожа. Тоа може да се заклучи и од самата декларација

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, GLYCERIN, PANTHENOL, HYDROXYETHYLCELLULOSE, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT WATERʷʰ ʰ, SODIUM ASCORBYL PHOSPHATE, CAFFEINE, SCHISANDRA CHINENSIS EXTRACTWH, RHODODENDRON ADAMSII LEAF/STEM EXTRACTʷʰ, VIOLA ODORATA EXTRACT*, HESPERIS SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, CALENDULA OFFICINALIS FLOWER EXTRACT*, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, POLYGLYCERYL-6 OLEATE, SODIUM SURFACTIN, MENTHOL, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, ETHYLHEXYLGLYCERIN, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CI 15985.

По водата има глицерин, хидролат од волчји трн, витамин Ц и кафеин. Вака формулираниот производ ја буди кожата, ја прави посветла и посјајна благодарение на синергијата помеѓу  кафеинот и витаминот Ц. Потоа содржи екстракти со смирувачко дејство како невен и камилица и екстракти од сибирски бобинки кои се извор на Ц витамин. Мене лично, оваа маска ми е една од најомилените.

Се нанесува на чиста кожа и се остава да делува околу 10 минути.

Запомнете дека за убава и здрава кожа, потребно е да го прочистиме организмот и од внатре, односно да направиме детокс на црниот дроб. Како што напоменав во видеото, црниот дроб најмногу ја чувствува промената на годишните времиња особено доколку во текот на зимскиот период сме претерале со масна храна, шеќери, алкохол, или протеини од животинско потекло.

Како може да сфатиме дали сме претерале со неправилна исхрана и сме го преоптовариле црниот дроб? Едноставно застанете пред огледало и набљудувајте ја вашата кожа. Доколку ги забележите следниве знаци значи дека потребно е да направите детокс на црниот дроб и да му ја олесните работата барем во текот на целиот овој месец:

- истакнати вертикални брчки на челото помеѓу веѓите;

- темни флеки на челото (особено на десната страна од челото)

- масна кожа на челото;

- нанедајна појава на бубуљички на лицето;

- црвенило во делот над веѓите;

- ненадејна појава на црвенило на лицето и непријатно чешање на кожата

Што всушнот значи преоптоварување на црниот дроб? Црниот дроб е најголемата жртва на лошата исхрана, на загадувањето, стресот, негативните чувства итн. Кога се буудиме уморни, без енергија, со горчлив вкус во устата и немаме воља за ништо, значи дека токсините кои се акумулираат во црниот дроб се во преголем број, и потребно е да делуваме и да направиме детокс на истиот. 

Црниот дроб е оној орган кој на некој начин го чисти нашиот оранизам и е предуслов за убава кожа. Ги елиминира токсините од крвта, кои се насобрале како резултат на лошата исхрана или други надворешни фактори како пушење, лекарства и згаденост.  Помага во ситентизирањето на глутатион, важен антиоксидант кој дава сјај на кожата и го забавува предвременото стареење.

Како најдобро да направиме детокс на црниот дроб?

Во текот на целиот месец март (а може и април) намалете ги мастите во исхраната. Избегнувајте тешка и премногу пржена храна, протеини од животинско потекло, алкохол и премногу конзумирање на кафе. Црниот дроб сака киселкаста храна така да слободно конзумирајте алименти како зелка, брокули, домати и праз. Може да пиете и напиток од комбуха природно ферментиран. Кога правите детокс напитоци од зеленчук и овошје, додадете и малку целер, магдонос или морков. 

Намалете ги порциите кои секојдневно ги конзумирате со цел да ја олесните работата на црниот дроб. Сварениот зеленчук зачинете го со малку куркума која има антивоспалително дејство и го стимулира топењето на мастите во организмот. Исто така има и големо антиоксидантно дејство. 

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Најавувам дека следната статија ќе ја посветам на нега на косата, односно ќе ви препорачам производи и третмани кои ќе го намалат прекумерното опаѓање на косата во овој преоден период.

Бидете ми добро и се читаме наскоро.

Вики

Comments