Природна нега за здрави заби и убава насмевка


Здраво драги мои,

иако навидум наивна процедура, редовното миење на забите е особено важен дел од оралната хигиена на секој поединец. Редовното и детално чистење на забалото овозможува здрава средина, а со тоа превеција од појава на болести на забите и нивниот потпорен апарат (гингивата, коската и околното ткиво). Порано под орална хигиена стоматолозите сугерираа чистење на забите 2 пати во денот, наутро и навечер пред легнување. Современите истражувања покажаа дека бактериите кои потекнуваат од храната делуваат најинтензивно по завршување на оброкот. Тогаш е и најголемиот ризик од појава на кариес. Така да, секогаш кога е возможно, најдобро би било доколку забите се мијат по секој оброк.


Сфаќаме дека од огромна важност е хигиената на забите, и токму затоа многу се важни и производите кои ќе ги одбереме за таа намена. На пазарот се нудат голем број на разни пасти за миење на забите од многу различни марки, меѓутоа не се сите исти. Со оглед на тоа што пастата е производ кој доаѓа во допир со устата, односно со внатрешноста (не е производ кој само го мачкаме надворешно) од огромно значење е истата да содржи само природни состојки и да биде безбедна за користење. Токму затоа во оваа статија јас ќе ви предложам една прекрасна органска марка на пасти за заби со навистина фантастична декларација, односно пастите за заби на Recipes of Babuhka Agafia. 


Овој тип на пасти за заби има навистина одлично елаборирана формула со цел да обезбеди комплетна но што поприродна орална хигиена во зависност од проблемот кој го имате. 

Би сакала да започнам со еден многу интересен производ односно комплет на две пасти (прв и втор чекор), нешто што досега немам воопшто видено. 

Кога за првпат го видов овој производ си реков не е можно, ова е сигурно некој маркетиншки трик и затоа се консултирав со експерт на ова поле, односно сестра ми Др. Мр. Ели Андонова- Магистер по стоматолошки науки. Она што таа ми го објасни е дека  преку ден и навечер условите во нашата уста се многу различни. Преку ден сме многу поактивни јадеме, пиеме вода и останати течности и има доток на кислород во нашата уста. Сите овие услови до некој степен прават самочистење во устата, особено некои типови на храна како на пример јаболката. 

Во текот на ноќта не пиеме вода, не конзумираме ништо, така да при мирување се создаваат услови без кислород кои се одлична подлога за развивање на бактериите, особено ако има остатоци од храна поради нетемелно миење на заби. Откако го слушнав сето ова сфатив дека филозофијата на прв и втор чекор на паста е сосема оправдана и според мене многу логична.

СОСТОЈКИ (INCI) / ПАСТА ПРВ ЧЕКОР: AQUA, HYDRATED SILICA, GLYCERIN, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, SODIUM COCO-SULFATE, CELLULOSE GUM, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT OIL *, SCHISANDRA CHINENSIS EXTRACT *, STEVIA REBAUDIANA EXTRACT, TOCOPHEROL, MARIS SAL, ZINC CITRATE, MENTHOL, MENTHYL LACTATE, XANTHAN GUM, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, AROMA, CITRIC ACID, CI 77491, CI 77492, LIMONENE.


СОСТОЈКИ (INCI) / ПАСТА ВТОР ЧЕКОР: AQUA, HYDRATED SILICA, GLYCERIN, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, SODIUM COCO-SULFATE, CELLULOSE GUM, ABIES SIBIRICA NEEDLE EXTRACT *, CHARCOAL POWDER, SALVIA OFFICINALIS LEAF EXTRACT *, STEVIA REBAUDIANA EXTRACT, ZINC CITRATE, MENTHOL, MENTHYL LACTATE, XANTHAN GUM , BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, AROMA, CITRIC ACID, CI 77491, CI 77492, CI 77499.


Како што може да видите од декларацијата измивачката база на пастите е иста, она што се менува и што е специфично за таа дневна и ноќна нега на забите се токму ектрактите. Од нив зависи колку еден производ ќе има антибактериско дејство, или пак овежувачко дејство во устата кое е многу важно за оралната хигиена. 

ПАСТА ПРВ ЧЕКОР

Оваа природна паста на база на Масло од волчји трн, Кинеска Шисандра и Витамин Е, нежно ги чисти забите и помага при зајакнување на непцата. Со секојдневно четкање, го одржува здравјето на забите.


ПАСТА ВТОР ЧЕКОР 

Природна паста збогатена со масло од Сибирски бор и екстракт од Жалфија која освежува и темелно ги чисти забите и непцата, го отстранува забниот плак и го остава вашиот здив свеж преку целата ноќ.

Освен овој тип на пата исто така ги пробав и пастата за заби со мед и прополис која ме воодушеви, особено поради фактот што јас имам многу чувствителни непца и оваа се покажа како одлична за таа проблематика како и пастата од арктички бобинки која е исто така многу убава.


Овие пасти може да ги купите онлајн на www.bellina.mk или во маркетите на ВЕРО.

Освен правилната паста која е многу важна за нега на нашите заби и за оддржување на правилната орална хигиена, исто така од голема важност е и четката која ја користиме за оваа намена. Како поборник на природно и органско и секако биоразградиво и рециклирано, не може а да не ви препорачам четки кои се одлични за нега на забите, а истовремено и во склад со природата.


Berlin Biobrush четкичките за заби се еколошки, произведени преку уникатниот метод на користење на остатоци од струготини од дрва, кои настануваат при обработка на дрвата од дрвната индустрија во Германија. Најлонските влакненца, кои ја формираат самата четка, се базираат на природно масло од рицинус. Овие четки од биопластика имаат средни кон меки влакненца, што овозможува лесно четкање на сите заби подеднакво.

  • Користени се исклучиво еколошки бои во согласност со стандардот DIN EN 13432.
  • Биопластиката е биоразградлива во согласност со стандардот DIN EN ISO 14855, а дури и најлонот во кој се наоѓаат четкичките е составен од целулоза и е целосно биоразградлив.
  • Biobrush ја има добиено наградата German Packaging Award for Sustainability (Германска награда за еколошка амбалажа).
  • Влакненцата се создадени од 100% природни состојки.
  • Самиот процес на рециклирање на овие органски четки, создава електрична енергија, која се користи за осветлување и греење на домаќинствата.

Овие четки може екслузивно да ги купите во ДМ маркетите.
Искористете го специјалниот попуст на Black Friday и купете ги овие производи со 30% намалување во ДМ Маркетите, во Веро и онлајн на www.bellina.mk

Се надевам дека оваа статија ви беше од корист и ви се допадна.
Поздрав
Вики

Comments