Богат балсам за нега на кожата во зима


Здраво драги мои,

во ладните зимски денови кожата на лицето е прва на удар од наглата промена на температурите (од надвор во загреани простории и обратно), која реагира со црвенило и иритации и станува посува. Токму затоа потребна е соодвртна нега со добро одбарн производ кој ќе служи најнапред како заштита на самата кожа, меѓутоа и ќе ја храни и задржува нејзината еластичност на овие ниски температури.

Сувата кожа во зима не е проблем само на девојките со нормална до сува кожа, туку и кај оние кои имаат комбинирана кожа. Голем е бројот на читателките кои ме контактираат за да ми кажат дека нивната кожа која досега била комибирана или масна, наденаш ја чувствуваат дека затега и бараат препорака за соодветен производ кој може да се користи во зимскиот период.

Во продажба може да најдете голем број на производи, меѓутоа доколку сте љубители на проектите “направи сам“ продолжете да читате бидејќи имам за вас еден прекрасен рецепт кој буквално ќе ја спаси и препороди вашата кожа. Многу е лесен за изработка и едноставен, а верувајте ми многу функционален. Ајде да започнеме.


7 гр. какао путер
5 гр. пчелин восок
5 гр. кокосово масло
10 гр. масло ог арган
10 гр. масло од невен
10 гр. маслиново масло

Најнапред во еден сад ставете ги пчелиниот восок, кокосовото масло, маслото од арган, какао путерот и маслиновото масло сѐ додека сите состојки да се стопат и да добиете убава течна смеса. Тргнете ја смесата од рингла и полека почнете да го додавате маслото од невен малку по малку со постојано мешање. Маслото од невен го додаваме последно со цел да ги задржиме сите активни состојки кои сме ги извлекле од билката (доколку маслото е домашно) кои инаку би се уништиле под дејство на топлината (секако дел од нив не сите). Постојано мешајте.
Пред смесата комплетно да се зацврсне префрлете ја во едно празно козметичко кутиче и вашиот балсам е готов.



Овој балсам се користи на тој начин што се зема ептен мала количина и се загрева помеѓу дланките. Така загреана се нанесува на благо навлажнета кожа на лицето прво со тапкање а потоа и со блага масажа на лицето. Уште по првата употреба ќе забележите како вашата кожа се менува и станува посјајна и поубава, а со редовна употреба ќе успеете да ја заштитите кожата од големиот студ и да ја задржите нејзината еластичност, сјај и убавина.

Се надевам дека овој рецепт ви се допадна, а ви најавувам дека следната статија ќе ја посветам на маслата за нега на кожата во зимскиот период и ќе ви откријам кои се миоте омилени масла за таа намена.

Поздрав и ве гушкам.
Вики


Comments