Рецензија на кремот за ублажување на стрии на Organique


Здраво драги мои,

стриите претставуваат неестетска појава која претставува проблем на многу девојки и жени. Се појавуваат како резултат на кинењето на еластичните влакна во дермисот, односно колагенот и еластинот кое настанува како последица на драстични диети, нагли промени во телесната тежина, или пак за време на бременоста.

Кога ќе се појават имаат розева боја, а со текот на времето стануваат бели. Мора да бидам искрена и да кажам дека белите стрии е невозможно да се отстранат, меѓутоа со правилна нега и вистинските производи, може да се ублажат и што е најважно да се спречи појавата на нови стрии.

Што всушност подразбираме под правилна нега на кожата? Со оглед на тоа што стриите се појавуваат како резултат на губитокот на еластичноста на кожата, прво правило е да ја оддржуваме секогаш кожата еластична со употребата на вистинските препарати и природни состојки. Верувајте ми добро нахранета и хидрирана кожа е клучот за кожа без стрии. Во неколку статии ви имам дадено предлози за природни состојки и домашни рецепти за оваа проблематика, меѓутоа со оглед на тоа што голем број на девојки преферираат готов производ, се решив да предложам еден прекрасен производ за нега на кожата и спречување на појавата на стрии од марката Organique.


Ја користев месец ипол и мора да кажам дека одлично ја негува кожата, ја прави поеластична и ја спречува појавата на нови стрии, а старите ги ублажува. Секако не можам да кажам дека ќе ви ги избрише старите стрии, меѓутоа фактот што ги ублажува и ја спречува појавата на нови е веќе нешто. Ајде најнапред како и за сите рецензии досега, да ја разгледаме декларацијата и да проговориме за дејството на овој производ.


Како што може да видите од декларацијата овој крем во својот состав содржи многу убави масла како макадамија, масло од сладок бадем и масло од авокадо.
Маслото од макадамија содржи 60 % олеинска киселина која е од основно значење за регенерацијата на кожата, омега 3 и 6 масни киселини и два многу важни витамини од групата Б, односно нијацин (Б3) и тијамин (Б1).
Маслото од авокадо е многу богато со токоферол (витамин Е), каротеноид (кој се претвора во витамин А) и фитостероли. Токму поради ова маслото од авокадо е предуслов за прекрасна еластична кожа.
Бадемовото масло е исто така одлично кога станува збор за оддржување на еластичноста на кожата и во комбинација со останатите две дава навистина одличен ефект.

Покрај овие масла во кремот може да забележиме два интересни екстракти како центела азијатика или позната како готу кола и екстракт од комфри или гавез. Првиот е познат најнапред како антицелулитна состојка со оглед на тоа што ја подобрува циркулацијата, меѓутоа одлична е и кога станува збор за стриите на телото цо оглед на тоа што ја зголемува еластичноста на кожата. Вториот екстракт има големо регенеративно дејство врз кожата, благодарение на високиот процент на алантоин. Латинското име за оваа билка е Symphytum officinale каде зборот Symphytum (кој потекнува од грчкиот збор Symphyein), во превод значи “да се спои“. 

Има прубава структура која иако е погуста сепак многу лесно се впива и ја остава кожата мека и нахранета без воопшто да масти.




Иако Organique не е органска козметика (станува збор за природна козметика), мене лично ми се допаѓаат нивните формули. Едноставни, меѓутоа функционални. 

Доколку немате време или можност сами дома да си направите производи за нега на телото и сакате готов прозвод кој одлично ќе ја хидрира и храни кожата и секако правилно ќе оддржува нејзината еластичност, во тој случај ова е вистинскиот производ за вас.

Доколку го пробате или веќе сте го пробале, слободно оставете ваш коментар под самиот текст. Овој производ може да го најдете во продавниците на Космо и онлајн на сајтот на  bellina.mk



Јас ве поздравувам и се читаме наскоро со нови содржини.
Поздрав
Вики

Comments