Зошто и како преминав на органска козметика




Здраво на сите и добредојдовте на мојот блог. Како прв пост би сакала да ви ја раскажам мојата приказна, односно зошто и како преминав на органска козметика и како всушност ја открив.  Мојата  приказна започна пред точно 9 години кога се преселив во Рим. Во зоната каде што живеев , на околу 300 метри од мојот стан, имаше една продавничка на која пишуваше “Erboristeria” (на македонски би било билна аптека). Имаше навистина преубав излог полн со најразлична козметика и шминка, која дотогаш ја немав видено, листови од разни билки и прекрасни суви и свежи цветови, со еден збор изгледаше божанствено. Долго време само поминував покрај неа без да влезам внатре (научена да си купувам се од парфимерии) се додека еден ден не забележав еден натпис : “Утре, огромна презентација на најновите органски производи” Од љубопитност отидов утредента, влегов внатре и...повеќе не бев иста...

Е сега јас направив една грешка,  а тоа е што направив драстичен премин кон органската козметика, односно од шампони полни со силикони, peg, ppg и што се не, и креми преполни со течен парафин и останати нафтени деривати преминав на најчиста можна козметика. И каков беше резултатот? Ужас, или барем така мене ми изгледаше. Косата која претходно ми беше сјајна, блескава, мазна ( а сето тоа беше всушност лажното дејство на силиконите кои безмилосно беа залепени за секое влакно) одеднаш стана сува и тенка, неможев да ја наместам како што сакав (секое влакно своја политика). Бев очајна и си помислив дека органската козметика ми ја влошила состојбата на косата наместо да ми ја подобри незнаејќи дека тоа е и секогаш била вистинската состојба на мојата коса измачена и задушена под силиконите која конечно почнала да се ослободува и да дише. Истиот случај беше и со кожата, запушена од нафтените деривати во комбинација со силикони кои цело време на неа креирале тенок филм кој ве прави да мислите дека кожата ви е исклучително мека и нежна како на бебеo (ефектот е ист кога ако си капнете восок од запалена свеќа на кожата и ја допрете, на допир е мазна и прекрасна, но кога ќе го отстраните восокот не е баш така мазна). 

Почнав да пребарувам на интернет искуства на девојки со органската козметика, почнав да читам разни статии за филозофијата на органската козметика и всушност сфатив дека треба да бидам трпелива, дека моменталната состојба е само чекор напред кон поздрава кожа и коса па решив да си дадам прилика.  Затоа мојот прв и најголем совет за сите оние што сакаат да преминат на органско е да тој премин биде постепен, а не драстичен (прво купете шампон за коса без силикони кој немора да биде органски,  а потоа откако ќе го потрошите купете органски) затоа што тоа многу ќе ви помогне да истраете во вашиот избор и да не се откажете после 10 дена. Доколку како мене сакате драстично да ја прекинете вашата “љубов“ со синтетичките хемиски производи мој совет е да стиснете заби и издржите во вашата замисла без оглед на моменталните резултати. Веќе по 2 до 3 месеци ќе почнете да ги забележувате првите резултати кои ќе ве охрабрат и направат многу среќни, а верувајте ми кожата и косата ќе ви бидат многу благодарни.

Друга важна работа е што сите производи не одговараат за сите нас. За среќа сите сме различни така да тоа што ми одговара мене немора да одговара на некој друг, затоа друг совет би бил да екпериментирате со производите додека не го најдете она што најмногу ви одговара и прилега. Денес на пазарот (за среќа на сите нас) се повеќе и повеќе се појавуваат нови производи од органско потекло со оглед на тоа што расте едукацијата помеѓу луѓето како и побарувачката на пазарот. Секојдневно се појавуваат нови производи кои имаат доста достапни цени  (органско немора да значи и скапо затоа што постојат еден куп козметички компании кои ставаат астрономски цени на своите производи полни си штетни состојки). Органската козметика се смета за поскапа и во поголемиот број на случаеви е така затоа што во својот состав содржи многу скапи состојки како на пример чисти нерафинирани масла, скапи есенцијални масла, растителен глицерин и др. Во споредба со ниската набавна цена на нафтените деривати и силиконите.  



Значи како заклучок: зошто да преминеме на органска козметика? Од три многу едноставни причини: најнапред затоа што си правиме добро самите себе си, се грижиме за нашето здравје, а богами и убавина. Потоа затоа што се грижиме за природата којашто доколку ја почитуваме и чуваме ќе продолжи да биде дарежлива кон нас. Знаеме дека штетните состојки кои ги споменав не само што се штетни за нашето здравје туку се доста токсични и за планетата, за почвата и водата, и ако за 100 години не сакаме да пливаме во пластика и нафта треба да почнеме уште од сега да и помагаме на земјата да се ослободи од досега насобраните отрови и токсини. Некој од вас тука би можел да го постави прашањето као е можно јас еден или една да ја спасам планетата додека другите загадуваат. Секој допринос без разлика колку мал е капка во морето, а капка по капка го пополнуваме целото море. Секој од нас може да направи разлика како поединец и како заедница, со цел да останатите околу нас поведени од нашиот пример  тргнат по нашите стапки. Самиот факт дека сме направиле нешто добро, ќе биде само еден двигател плус да се чувствуваме подобро со самите себе си ширејќи се повеќе и повеќе позитивна енергија.   

И како последна причина (последна но не и помалку важна) е затоа што им помагаме на животните врз кои многубројни светски познати и реномирани куќи сеуште ги тестираат своите производи. Купувајќи ги нивните производи ние ги поддржуваме во таа сурова работа, додека органската козметика воопшто не се тестира на животни.  

Ете драги мои, ова е мојата приказна и моите причини.  А кои се вашите?
Ве поканувам да слободно ги оставите вашите мислења и коментари (позитивни или негативни) доколку се согласувате со мене или не, како и вашите лични впечатоци и искуства со органската козметика.

Голема благодарност до сите оние што со внимание го прочитаа овој пост.
Убавината доаѓа од природата.
Вики
 

Comments

  1. Прекрасен пост :)
    Би ми било мило и од голема помош ако може да има тема за Како до чисто лице без болни акни со природна козметика сум користела најразлични производи од скапи до ефтини но некако ништо не ми помогнало пронајдов рецепт за чај со кој се мачка лицето и сега некако не верувам ама ќе продолжам да користам иако би сакала и други идеи ...Со среќа нека ви е блогот и ви посакувам успех!!!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Секако драга Анџи. Во некои од наредните постови ќе говориме многу на таа тема, како да припремиме природни препарати за лице (маски, пилинзи) и многу многу совети за добри креми и хранливи состојки.
      Многу ти благодарам за коментарот и учеството.

      Delete
  2. ja sum od mg .. elelel .. i ke bidam cest gostin na tvoite blogovi ... ustvari bas tvojata tema me pottikna da pocnam so prirodna kozmetika iako od prva ja utnav so pilingot koj bil za telo a ja na lice staviv : ))).. no nema veze .. ke pomine ... ova mi e 3 den bez nikakv krema na lice no kozata mi e nekako gruba i suva denes i nekako ko mlitava ... verojatno toa e vistinskata sostojba na mojata koza :( .. ama ke ja sredam verojatno :) pozz i sakam uste mn postovi da pises redovno ke citam ja :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Голема благодарност и до тебе драга. Секако дека ќе има усте многу постови. Како што напоменав откако ќе се откажеме од штетните производи кожата и косата ни изгледаат многу лошо затоа што биле преполни со силикони. Биди упорна и истрајна и резултатите ќе бидат не само видливи туку и зацудувачки. Заедно една со друга со совети, коментари и препораки одиме напред со цел секојдневно да си ги подобруваме здравјето и убавината. Треба да ставаш крема меѓутоа квалитетна. Или пак кокосово масло кое е идеално за овие денови. Како и да е следните мои постови ќе бидат токму за нега на кожата. Поздрав

      Delete
  3. Вики здраво,
    Твојот блог го открив пред само неколку дена. Се воодушевив од твоето познавање на сите состојки и артикли. Воедно, се разочарав и од сопственото непознавање на целата оваа материја. Од таа причина до ден денешен јас користам конвенционална козметика.
    Успеав да прочитам само неколку статии, но тоа беше доволно да одлучам да преминам на органска козметика, иако од домашните добивам коментар дека донесувам пренагли одлуки.
    Бидејќи сите твои статии ќе ги читам со задоцнување (како што спомнав, само пред некој ден го открив блогот), со задоцнување и ќе ти поставувам прашања, барем додека почнам да те следам во чекор. Можеби ќе имам доста прашања, бидејќи немам никакви познавања за органската козметика, па за почеток, ќе ми користи твоето знаење.
    Поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Наташа, добредојде!!! Не се грижи и јас така на почетокот кога открив со што сум се мачкала исто се чувствував, комплетно те разбирам. Тука сум за тебе и за сите кои ќе сакаат да поставуваат било какви прашања и да пишуваат коментари. Многупати имам споменато дека овој блог е за сите вас. Слободно прашај сѐ што сакаш, ќе ми биде повеќе од драго да ти одговорам на се (секако со она што го знам и имам на располагање, и јас сеуште учам) и да си разменуваме мислења. Ти се заблагодарувам на убавите зборови и до скоро слушање. Голем поздрав и до тебе.

      Delete
  4. Вики, бидејќи спомнуваш дека косата и кожата не ти изгледале најдобро при преминот на органска козметика, ако може да ми кажеш, дали на кожата ти се појавија акни во тој период? Имам некој проблем, па пробувам да најдам сама која може да е причината.
    Фала

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Наташа, сега ќе ти објаснам каков беше ефектот кај мене. Косата ми беше премногу сува леташе на сите страни како наелектризирана. Откако ќе се измијат силиконите се гледа вистинската состојба на влакното. Кожата ми беше малку чудна без здрава боја, немаше сјај, прво како дехидрирана, па после ми стана комбинирана (таква е и мојата вистинска кожа комбинирана). Меѓутоа секоја кожа е различна и можеби твојата кожа се прочистува на овој начин. Може од неа излегува повеќе маснотија ама со вистински производ ќе се стабилизира. Доколку не сакаш да ми појасниш овде, пиши ми приватна порака каков проблем имаш со кожата. Според мене откако ги имаш оставено силиконите и нафтените деривати кожата моментално ги исфрла сите токсини кои се насобрале досега. Биди трпелива.

      Delete

Post a Comment