Natura Italiana: 100% природно зелено злато од Калабрија


Здраво драги мои,

во многу статии досега имам говорено за масла кои ја подобруваат еластичноста на кожата, кои имаат анти ејџ влијание и го спречуваат штетното влијание на слободните радикали, а со самото тоа придонесуваат нашата кожа да биде поздрава и поубава. И во денешнава статија ќе говорам за едно прекрасно масло, но од малку поинаков аспект.

Ќе говорам за едно масло кое е вистински еликсир како внатрешно, така и надворешно, затоа што убавината и здравјето на нашата кожа не зависат само од производите кои ги нанесуваме, туку пред сѐ од она што го внесуваме во организмот по внатрешен пат. Станува збор за 100% природно чисто и ладно цедено маслиново масло на Натура Италијана, произведено од најчистите предели во областа Катанѕаро во Калабрија (јужна Италија).

Ајде најнапред да разјасниме што всушност значи ладно цедено масло?

Маслиновото масло е база на медитеранската исхрана и најдобар алеат на нашиот организам и најдобро е доколку истото е ладно цедено. Под терминот ладно цедено маслиново масло, се подразбира масло добиено по пат на прво цедење на плодовите, односно маслинките, без никаква понатамошна хемиска обработка и без загревање на производот. При ладното цедење температурата  е пониска од 27°C со што се гарантира еден чист и многу хранлив производ кој ги има задржано непроменети сите хранливи својства на самиот плод, во случајов маслинката.

Што содржи чистото ладно цедено маслиново масло и какво е неговото влијание врз човековиот организам?

Процентот на масните и хранливите компоненти во едно масло варираат во зависност од производителот, типот на маслинка, пределот во кој се одгледува и.т.н., меѓутоа како средна вредност за едно ладно цедено маслиново масло може да се земат овие вредности:

Олеолинската киселина која е во најголем процент застапена токму во ладно цеденото маслиново масло, претставува еден вид на незаситена масна киселина која припаѓа на семејството на омега 9 масни киселини. Висока застапеност на олеинската киселина во едно масло значи поголема издржливост и отпорност на самото масло на високи температури. Благодарение на олеинската киселина, маслиновото масло е богато со токоферол и полифеноли, што значи дека има големо антиоксидантно влијание. Линолеинската киселина припаѓа на семејството на омега 6 додека α- линолеинската на групата омега 3 масни киселини.
Tratto da http://www.my-personaltrainer.it/alimentazione/proprieta-olio-extravergine-di-oliva.html


Ладно цеденото маслиново масло има многубројни бенефиции врз нашиот организам и тоа:

- го намалува лошиот холестерол, а со тоа и кариоваскуларните проблеми;
- го зајакнува имунитарниот систем;
- има антиканцерогени својства;
- претставува рудник на антиоксиданси;
- ја подобрува работата на системот за варење

Зошто токму маслото на Натура Италијана?



Ова масло е едно од најдобрите масла кои ги имам пробано во последниов период. Поразлично е од сѐ она што сте го пробале досега и верувајте ми еднаш кога ќе се навикнете да го конзумирате секое друго маслиново масло ќе ви изгледа обично. Можеби за прват ќе ви биде малку чуден вкусот со оглед на тоа што има интензивен и богат вкус со изразита овошна нота. Меѓутоа кога ќе го вкусите во салата или на препечени лепчиња (брускети), верувајте ми ќе останете толку воодушевени од ова масло што мислам дека нема да ви текне повеќе да купите некое друго (мислам дека нема да земете друго масло дури ни ако ви го подарат).
Така беше со мојата фамилија. Кога го пробаа ми рекоа дека на почеток им беше необичен вкусот, меѓутоа сега не ни помислуваат да земат ништо друго освен ова масло. Ете мислам дека Натура Италијана веќе ги има првите верни фанови.

Бојата на маслиновото масло генерално варира од интензивно жолта до зеленкаста (овде секако мислам на она чисто ладно цедено маслиново масло, не мешано со ништо друго). Бојата во најголем процент ја одредува типот на маслинката која е користена. За ова масло користени се италијански маслинки од видот “Каролеа“ (кои доаѓаат од плантажите со маслинови дрвја од областа Катанѕаро во Калабрија), така да самото масло има многу интензивна жолта боја со зеленкасти нијанси. Токму затоа и го нареков “зелено злато“.

Едно маслиново масло е многу поценето и побарано кога степенот на киселост на истото е помал. Степенот на киселост на маслото на Натура Италијана е помеѓу 0,2 и 0,3 и со самото тоа може да видите дека производот е извонреден и маслото е со супериорен квалитет. Од легислативна гледна точка, едно ладно цедено маслиново масло, не смее да премине киселост од 0,8.

Иако маслиновото масло има добар степен на загревање (во смисла отпорно е на високи температури и погодно е за пржење на храната), јас сепак не ви советувам да пржите со ова масло, не поради нешто друго, туку поради фактот што греота е толку убаво и квалитетно масло да го користите за таа намена. Ова масло е идеално за подготвување на салати, зачинување на јадења на ладно (во смисла вие најнапред подгответе го јадењето, па потоа зачинете го со маслиново масло откако е готово), за подготовка на брускети (верувајте доволно е само да го потпечете лепчето, да го премачкате со лукче и да додадете од ова масло одозгора).


Најнапред ова масло беше достапно во големи амбалажи од 5 литри (онаа која ја имаме дома со оглед на тоа што сите конзумираме само вакво масло), меѓутоа целта на Натура Италијана е секако овој производ да го доближи до сите, така да може да го најдете во ново пакување во помала амбалажа од 500 мл. Доаѓа во темно шише кое мене многу ми се допаѓа со оглед на тоа што додатно го штити маслото и преубаво изгледа.

Како најдобро да ги извлечеме сите бенефиции од ова масло за кожата и косата?

Како што веќе напоменав, ова масло може да го користите најнапред внатрешно за една поголема добросостојба на целиот организам, меѓутоа зошто да не и надворешно за уште подобро здравје и убавина на самата кожа или коса.  Доколку бевте на промоцијата на мојата книга или пак ги видовте сликите, можевте да забележите дека во козметичката работилница направивме еден прекрасен серум за лице токму со ова маслиново масло.


Пред да ви го дадам рецептот од самата работилница, ајде на кратко да разгледаме на кои сѐ начини може да се користи ова масло во козметички цели и за кои состојби на кожата или косата одговара.

Ладно цеденото маслиново масло е богато и со несапунифицирани компоненти, односно оние кои во контакт со живата сода (при подготовката на домашни сапуни на пример) не се сапунифицираат. Овие се составени од 80% сквален (Squalene) и останатите 20% токоферол (витамин Е), стероли и каротеноиди. Скваленот е една од оние состојки која е најкомпатибилна со нашата кожа, односно со структурата на нашиот себум. Кожата веднаш ја препознава и како таква веднаш ја апсорбира. Оваа состојка е навистина доста скапа и ценета и се добива претежно од маслиновото масло. Се користи скоро секогаш во органската козметика. Токму затоа маслиновото масло е одлично за нега на лицето и тоа за сите видови на кожа, особено сувата и чувствителна како и возрасна кожа. Доколку се користи во поголем процент поадекватно е за сува кожа (како состојка), меѓутоа во помал процент во комбинација со полесни масла каде на пример доминира маслото од јојоба или каприлисот, може да одговара и за комбинирана кожа. Количината ја прави разликата.

Маслиновото масло е одлично и за нега на косата, особено ако вашата коса е оштетена или пак имате виткана коса која е секогаш за нијанса посува. Може едноставно да го нанесете на благо навлажнета коса и да го оставите да делува најмалку половина час (покриено со ќеса и пешкир) или пак во комбинација со жолчка од јајце, мед и други состојки. Верувајте ми вашата коса по три, четири третмани ќе се препороди, а со редовна употреба нема да ја препознаете (секако потребно е да користите и органски шампони без силикони и да избегнувате топлина на пример фигаро, преса и.т.н.)

Еве го рецептот за еден домашен маслен серум за лице за посува и возрасна кожа со маслиново масло. Овој маслен серум има голем анти ејџ ефект и видно ја подобрува еластичноста на кожата.


1 супена лажица масло од арган
1 супена лажица масло од макадамија
1 супена лажица маслиново масло
1 супена лажица масло од морков
5 капки етерично масло од лаванда (доколку имате)

Во еден стаклен сад се ставаат сите масла и се додава етеричното масло. Сето тоа убаво се меша. Со помош на една инка, смесата се префрла во едно мало темно шишенце  и вашиот домашен најприроден серум за лице е готов.

Се нанесува на благо навлажнета кожа навечер (доволни се 4 до 5 капки) и благо се втрива до комплетно апсорбирање. Со редовна употреба вашата кожа ќе биде мека, еластична, свиленкаста, а и видно ќе бидат намалени оние линии или бори на самата кожа.

За на крај ви оставам и кратко виде од 3 мин. каде објаснувам како сами може да подготвите крем за нега на многу сува кожа на рацете со само три состојки од кои едната е токму маслиновото масло.


Каде да го најдеме маслото на Натура Италијана?

За било какви додатни информации обратете се на нивната фејсбук страна Natura Italiana

Драги мои, се надевам дека и оваа статија ви се допадна.
Јас ве поздравувам и се читаме наскоро.
Вики

Comments

  1. Браво! Секако дека ми се допадна,а ми се допадна и кремот.Го направив со маслиново масло што моментално го имав дома и можам да кажам дека премногу ми се допаѓа ефектот врз кожата,омекнува,некако мрсно и хранливо делува...Поздрав и само продолжи така.👍

    ReplyDelete
    Replies
    1. Драга Рената, ти благодарам многу на убавите зборови. Многу ми е мило што си го направила кремот дома, секоја чест и ти благодарам што го сподели овде твоето искуство. Целта ми е да ве научам сами да си правите работи дома (онолку колку е можно секако) и да се негувате со најприродни можни состојки. Те гушкам.

      Delete

Post a Comment