Модни додатоци АB&b: уметност која е во склад со природата


Здраво драги мои,

како што можевте да прочитате од насловот, во денешната статија нема да говорам за козметика, креми, маски, пилинзи и.т.н. ниту пак ќе правам рецензија на некој козметички производ. Со оглед на тоа што обој блог е комплетно посветен на природното како начин на живот, а тука секако спаѓа и рециклирањето, сметам дека ова што ќе го прочитате не само што ќе ве остави без зборови, туку заслужува да биде напишано и споделено со сите вас.

Ви ја претставувам жената која буквално ме воодушеви не само со своите креации, туку пред сѐ со својата филозофија и начин на живот, Светлана Петровиќ, која израбоува ташни и накит од рециклиран материјал. Јас во денешнава статија ќе се задржам на нејзините производи изработени од хартија...да да добро пточитавте од ХАРТИЈА. На почетокот бев скептична мислејќи си, па добро како издржуваат тие производи од хартија, сигурно со текот на времето и носење се оштетуваат и кинат. Си поставував прашања од типот што се случува доколку заврне дожд? Меѓутоа верувајте ми откако ќе ги видите, ставите врз себе и носите како моден додаток, ќе сфатите дека се специјално направени да траат, а со текот на времето ќе ги заменат сите ваши класични парчиња накит од монистра и ташни кои досега сте ги носеле.


Нејзината приказна започнува пред 15 години кога и започнала да изработува накит, оној класичен со монистра. Ова го правела заедно со својата ќерка. Меѓутоа нејзината вистинска приказна започнува од пред околу 6 години каде поведена од идејата да се создаде производ кој ќе биде во склад со природата, ја открила техниката за правење на накит рециклирајќи ја хартијата (од списанија). И веќе немало враќање назад. Оттука па наваму, прави најразлични парчиња накит користејќи ја оваа техника и можам да кажам дека е единствена во Македонија, а самото тоа ја прави и оригинална како уметник. Уметноста на правење на ташни од хартија (и од други еколошки материјали) ја открила во Америка каде живеат нејзините три деца.

Јас најискрено кога за првпат го допрев герданот од хартија помислив дека е монистра, или некој вид на школка...неможев точно да проценам, а ни на крај памет не би ми паднало дека станува збор за хартија со оглед на тоа што е направен толку професионално и добро. Верувајте ми, доколку подарите некому некој од нејзините модни додатоци, личноста нема никогаш да погоди од што е направен производот.


Ајде да видиме одблиску што сѐ е потребно да се направи едно парче накит од хартија, колку трае процедурата и каков е начинот на изработка преку ова симпатично видео.



Кога станува збор за ташните, секое парче хартија кое го зема од списанијата (кои наместо да ги фрли ги користи за нешто корисно), најнапред го сече во саканата форма и димензија и го обложува со самолеплива фолија која е водоотпорна и прави самиот материјал, односно хартија да трае и ја заштитува од влага и од дожд. За ова ви гарантирам јас самата затоа што еден ден носејќи ја ташната која Светлана ја направи заврна, меѓутоа ташната воопшто не се оштети ниту пак се познаваше трага од мокро или влага врз неа.

Потоа секое парче посебно се шие по неколкупати со рибарски конец и како што се додаваат нови парчиња се поминува уште неколкупати секое претходно парче. Ова навистина бара голема љубов и посветеност затоа што за изработка на една ташна потребни се околу 7 до 10 дена.


Еве како изгледа ташната од внатре, може да забележите колку е убаво и професионално изработена. Воопшто не личи дека е направена од хартија.


Доколку сакате да бидете оригинални носејки уникатни производи кои притоа се еколошки и во склад со природата, накитот и ташните на АB&b се вистинскиот избор за вас. Слободно посетете ја нивната фејбук страна AB&b Еко аксесоари за да видите што сѐ изработуваат и со кој моден додаток најдобро ќе дојде до израз вашата личност.


Драги мои, јас се надевам дека и оваа статија ви се допадна. Ние се читаме наскоро, затоа што ви подготвувам рецензии за многу нови и интересни органски производи.

Поздрав
Вики

Comments