Моделирајте ја кожата на телото со линијата Detox Kamchatka


 Здраво драги мои,

иако за проблематиката како целулит потребно е да делуваме во текот на целата година, сепак некако поприродно ни доаѓа за тоа да размислуваме пред надоаѓањето на летото и летните одмори. Постојат многу производи кои се нудат во продажба како антицелулитен третман од кои некои се навистина комплицирани за користење или пак одземаат голем дел од нашето време. Веќе подолго време бев во потрага на производи кои најнапред ќе бидат ефикасни, ќе се надополнуваат и пред сѐ нема да одземаат многу време за користење. 

За моја голема среќа ги открив производите на Natura Siberica кои се токму такви: лесни за употреба (се потребуваат во кабината за туширање), не одземаат многу време (најмногу до 3-5 минути) и секако се навистина ефикасни и даваат резултати. 

Станува збор за кремата за моделирање со бела глина, пилингот за моделирање на тело и хидратантниот лосион спреј за тело од линијата на Detox Kamchatka.

Моделирачки крем со бела глина

Започнувам од мојот омилен производ од оваа линија. односно кремот за моделирање на телото со бела глина. Овој производ го обожавам од една едноставна причина: лесен е за употреба, потребни се 3-5 минути и функционира.

СОСТОЈКИ (INCI):  AQUA, GLYCERIN, STEARIC ACID, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SODIUM COCO-SULFATE, KAOLIN, DECYL GLUCOSIDE, COCO-GLUCOSIDE, GLYCERYL OLEATE, CITRIC ACID, VOLCANIC ASH, SAMBUCUS NIGRA FRUIT EXTRACT*, MATTEUCCIA STRUTHIOPTERIS EXTRACTʷʰ *, ACHILLEA СAMTSCHATICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, CREPIS SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, PICRIS KAMTSCHATICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, ANGELICA ARCHANGELICA ROOT EXTRACT*, BENZYL ALCOHOL, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE, PARFUM.

Базата на овој производ е многу едноставна: вода, глицерин, бела глина, децил глукозид (нежен сурфактант), емулгатор и вулканска пепел. Доста солидна база која дава производ со убава хидратација, нежна измивачка моќ и прочистувачко дејство (благодарение на белата глина и влканската пепел). Екстрактите понатаму имаат антицелулитно дејство, го исфрлаат вишокот на течности, а со самото тоа допринесуваат до затегнување на кожата и ремодулација на телото.

Екстрактот од бела комунига кој е присутен во доста добра концентрација го помага исфрлувањето на вишиокот на течности од организмот, ги зајакнува вените и го спречува задржувањето на течностите. Екстрактот од бозел e одличен во случај на целулит бидејќи исто како и претходниот помага во исфрлување на вишокот на течности од организмот, а со самото тоа ја намалува појавата на целулитот. Ова дејство е зајакнато од екстрактите од ајдучка трева,ангелика и сибирски цвет кој ја тонира кожата на телото. 

Овој производ се користи на тој начин што мака количина се масира на посакуваните места (стомакот, бедрата и нозете) околу 3 минути и потоа темелно се плакне со млака вода. 

Јас сум против рецензиите кои преку ноќ ветуваат резултати од некој производ, токму затоа ви велам дека резултатите нема да дојдат веднаш, туку со редовна употреба и упорност, ќе забележите подобрување на квалитетот на кожата. Истата ќе биде поеластична, поубава, критичните делови моделирани и позатегнати. Запомнете дека козметиката сама по себе не прави чуда, доколку истата не е поддржана од правилна исхрана и редовна физичка активност.

Моделирачки пилинг за тело

СОСТОЈКИ (INCI):  SODIUM CHLORIDE, GLYCERIN, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, CETEARYL ALCOHOL, PRUNUS ARMENIACA SEED POWDER*, AQUA, COCAMIDOPROPYL BETAINE, MARIS SAL, ZINGIBER OFFICINALIS ROOT EXTRACT*, RUBUS SACHALINENSIS LEAF EXTRACTʷʰ *, RUBUS CHAMAEMORUS FRUIT EXTRACT*, OSMUNDASTRUM ASIATICUM EXTRACTʷʰ *, HESPERIS SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, CALENDULA OFFICINALIS FLOWER EXTRACT*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, PARFUM, CI 77491, CI 77742.

Овој пилинг за тело го препорачвам само еднаш неделно од проста причина што како ексфолијант содржи морска сол. Морската сол е поагресивна за разлика на пилинзите на база на шеќер, и без разлика на тоа што овој е многу убаво избалансиран сепак не треба да се претерува, Од друга страна многу е нормално да еден антицелулитен производ соджи сол наместо шеќер, со оглед на тоа што солта ја влече кон себе водата, а со самото тоа има и дренантно дејство односно помага во исфрлувањето на вишокот на течности.

Базата е многу добро избалансирана на прво мето гледаме морска сол, после која следува глицерин кој на некој начин ја ублажува агресивноста на солта, а потоа и сончогледово масло кое дава хранливо дејство. Ексфолирачкото дејство на овој производ е надополнето со прав од бадем. Како и кај претходниот, така и кај овој производ, главната разлика ја прават екстрактите. 

Екстрактот од ѓумбир има загревачко дејство (одлично во случај на согорување на мастите) и ја стимулира микроциркулацијата што е од огромна важност во случај на целулит. Исто така има и затегнувачко дејство врз кожата. Екстрактот од дива малина има антивоспалително дејство и помага во исфрлувањето на вишокот на течности од организмот. Екстрактите од невен и камилица имаат смирувачко дејство врз кожата.

Поради загревачкото дејство на ѓумбирот и секако солта, овој производ не го препорачувам кај оние кои имаат проблем со капилари, меѓутоа за сите останати е одличен производ во борба против целулитот и во стремењето кон убава, здрава и затегната кожа. Како што напоменав на почетокот, доволно е да се користи еднаш неделно,: мала количина благо се масира неколку минути на влажна кожа, после што се измива со млака вода.

Хидратантен лосион спреј 

                   

Овој производ е must have за хидрирана, убава, мека и затегната кожа. Може да го користите секојдневно на кожата на целото тело, особено после секое туширање или капење. 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER / LEAF / STEM EXTRACT *, COCO-CAPRYLATE / CAPRATE, GLYCERIN, POLYGLYCERYL-6 STEARATE, RUBUS RCTICUS FRUIT EXTRACT *, PINUS SIBIRICA NEEDLE EXTRACTWH *, PINUS SIBIRICA SEED OIL *, SORBUS AUCUPARIA FRUIT EXTRACTW , TILIA CORDATA FLOWER EXTRACTWH *, CALENDULA OFFICINALIS FLOWER EXTRACT *, ARCTIUM LAPPA ROOT EXTRACTWH *, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT *, BRANCH / FRUIT / LEAF EXTRACTWH *, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, XANTHAN GARY, SANTHANUM STEAROYL GLUTAMATE, SODIUM CETEARYL SULFATE, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE, PERFUME, LIMONENE.

Претставува одлична комбинација на водени состојки со омекнувачка моќ и масла со хранлива моќ (кои се всушност основа на правилната хидратација) како коко каприлат, масло од сибирски бор и разни екстракти како оние од дива малина, невен, сибирски бор, ќедрово млеко, липа и смрека.

Има многу лесна структура, воопшто не ја масти кожата а навистина ја омекнува, храни и ја подобрува природната хидратација. Погоден е за секојдневна употреба и за сите типови на кожа.

Драги мои, јас би ви препорачала да ги земете сите овие производи бидејќи на некој начин се комплементираат и наполнуваат и сите три заедно даваат одличен ефект врз кожата на телото. Истите може да и најдете онлајн на www.bellina.mk или во некој од нивните БиоШоп.

Ние се читаме наскоро со нови интересни содржини.

Ве гушкам

Вики

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment