Маслинов сквален-алеат на нашата кожа и коса

 

Здраво драги мои,

во денешнава статија сакам да ви препорачам еден прекрасен производ кој е неизбежен за нега во текот на целиот летен период, како за кожата така и за косата. Производ кој едноставно ќе ги врати сјајот и убавината на кожата и косата како и еластичноста. Станува збор за маслиновиот сквален од марката Skin Division.

Најнапред би сакала да ги разјаснам поимите сквалан и сквален со цел подобро да го разбереме овој производ и секако неговото дејство врз кожата и косата. Мислете на скваленот (squalene) како еден вид на маст природно прсиутна во нашиот себум, која доколку оксидира не и прави добро на кожата. Не е многу отпорен на оксидација и поради тоа во не е смета како антиоксиданс бидејќи доколку оксидира не и прави добро на кожата. Предноста на оваа состојка е што е многу компатибилна со нашиот себум. Од друга страна скваланот (squalane) е хемиски трансформирана состојка, стабилна на оксидација и доста присутна и застапена во козметиката. 

Покрај овие две постои и трета состојка која е маслинов сквален (несапонифицирана состојка) која се добива од маслиновото масло, мнгу корисна со оглед на тоа што содржи сквален и фитостероли кои ги стимулираат фибробластите и обновата на кожата, и во овој случај во декларацијата ќе го најдеме како olea europea или како squalene (olive origin).

Во оваа своја форма состојката е екстремно важна за здравјето и убавината најнапред на кожата (какошто веќе кажавме, ја помага обновата на кожата), а секако  на коcата особено во летниот период кога е подложна на оштетување од страна на сончевите зраци.

Ова беше многу важно да го разјасниме, со цел да знаеме зошто токму овој производ го одбрав за рецензија. Како што може да забележите во декларацијата на истиот стои squalene (olive origin), така да нема потреба за разјанување на декларацијата или многу говорење. Станува збор за оној маслинов сквален кој е неопходен за кожата и за кој говорев претходно. Како состојка кажав дека е стабилен и има проѕирна боја и секако маслена структура.

Ајде да видиме како најдобро да го користиме за нега на кожата и косата и како да извлечеме максимум ефект од него.

Јас најчесто го користам навечер во комбинација со крем или ноќна маска на лицето. Мал дел од кремот или маската со три капки сквален се меша на рацете и се нанесува на лицето. Баш вчера го употребив заедно со оваа маска на Натура Сиберика и резултатот беше воодушевувачки. Се разбудив со прекрасна мека и свиленкаста кожа. 

Доколку имате многу сува кожа, слободно користете го и преку ден заедно со дневниот крем или пак со серумот за лице. Неколку капки од серумот и три капки од скваленот се мешаат најнапред на дланките, па потоа се нанесуваат на кожата на лицето.

Одлично нешто е што воопшто не ја масти кожата и лесно се впива, така да одговара како за сува така и за комбинирана кожа. Ја подобрува заштитната бариера на кожата и секако клеточната обнова. 

За нега на косата, користете го по миење на полу сува коса по должината и на врвовите или пак при фенирањето. Исто така може да биде и замена за штетните силиконски капки на суви врвови. Еве го ефектот врз косата. 

Драги мои, јас се надевам дека овој производ ви се допадна и дека ќе му дадете шанса. Истиот може да го најдете онлајн на следниов линк https://www.bellina.mk или во некој од БиоШоп на Белина по цена од 1.450 мкд. 

Ние се читаме наскоро

Вики

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment