Olival сет на креми за сите видови на кожа

Здраво драги мои,

секојдневно добивам барања за препорака на креми кои имаат природен и убаво избалансиран состав за разни типови на кожа (масна, сува, чувствителна итн.), па затоа многу често правам статии во кои рецензирам производи, со цел да ви помогнам во правилниот избор за вашиот тип на кожа.

Во оваа статија ќе ви препорачам три вида на креми и тоа наменети за различен тип и состојба на кожата. Сите овие креми се прекрасно избалансирани, имаат одлична формула и секако со природни состојки. Сите три лично ги испробав во последниов период и верувајте ми, одлични се како производ. Станува збор за кремите за лице од колекцијата со смиљ на хрватската марка Olival. 

Сите од овие три креми посебно се продаваат, меѓутоа може да ги земете и заедно во сет каде доста ќе заштедите а ќе имате креми за разни периоди во годината (на пример зимно време имаме потреба од похранлив крем, додека во лето доволно е истиот да биде полесен и хидратантен). Исто така ова е одлична понуда доколку во иста фамилија имате членови со разни типови на кожа (купувате едно пакување од три креми и еден користите вие, друг мајка ви, а трет сестра ви итн.). Во сетот како што кажав има три креми и тоа:

- хидратантен крем за правилна хидратација на сите видови на кожа

- регенеративен крем погоден за комбинирана до масна кожа

- богат ноќен крем наменет за ноќна нега на сува и чувствителна кожа или повозрасна кожа

Ајде да преминеме на рецензија на секоја од трите креми посебно.

1. Екстра хидратантен крем за лице Olival 

 Состав: Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Candelilla/Jojoba/Rice Bran Polyglyceryl-3 Esters, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol, Sodium Stearoyl Lactylate, Sesamum Indicum Seed Oil, Triticum Vulgare Germ Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Glycerin, Cetyl Alcohol, Daucus Carota Sativa Extract, Melissa Officinalis Leaf Extract, Helichrysum Italicum Flower Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Limonene, Linalool

Од составот може да видиме дека во производов има одлична пропорција на масла со различна густина и тежина кои даваат еден вид на баланс на самиот производ. Запомнете дека умешноста при креирање на еден козметички производ како што е кремот лежи токму во правилната комбинација на маслата. Како масло на почетокот (после водата) користено е каприлик кое е многу лесно масло и погодно за сите типови на кожа, меѓутоа истово е искомбинирано со масло од сусам кое е за нијанса потешко (медиум густина), потоа масло од пченични никулци (исто така медиум густина) и масло од јојоба кое е феноменално за нега на сите типови на кожа. Секако во производот е присутно и маслото од смиљ кое е заштитен знак на целата колекција. Како екстракти во кремот може да се забележат екстракт од морков и екстракт од маточина. Салицилната киселина на дното на декларацијата во производов е ставена како испомош на системот на конзервирање на истиот.

Овој производ има преубава структура која истовремено е лесна. Кожата веднаш ја апсорбира и не остава масна трага. На допир кожата е мека и мазна и со редовна употреба бидете сигурни дека ја оддржувате правилната хидратација на самата кожа. 

Иако на самиот производ пишува дека е погоден за сите типови на кожа јас зимно време би го препорачала кај оние кои имаат нормална накај комбинирана кожа (која има потреба за додатна хидратација од ладното), додека летно време е посоодветен за оние со нормална накај сува кожа со оглед на тоа што за време на летниот период (под дејство на сонцето и топлото кои прават да се потиме) може да предизвика масната кожа да свети и побргу да се масти.

Поединечна цена на овој крем е 580 мкд и истиот може да го најдете во продавниците на Тесори ди Маре или онлајн на tesoridimare.mk

2.  Регенеративен крем за комбинирана до масна кожа

Овој крем ми е омилен со оглед на тоа што содржи сѐ она што на кожата и е потребно (доколку станува збор за комбинирана до масна кожа секако). Јас имам комбинирана кожа и да ви кажам просто се заљубив во овој крем. Го нормализира лачењето на вишокот на себум во Т зоната, меѓутоа истовремено го хидрира остатокот од кожата кој е честопати за нијанса посув (кај комбинираната кожа само Т зоната е онаа која е проблематична). Кога станува збор за масната кожа одлично го регулира прекумерното лачење на себум на целата кожа, а истовремено и ја дава потребната хидратација (нешто што е многу важно а не сите креми го имаат). Запомнете и масната кожа има потреба од хидратација, така да верувајте овој производ е полн погодок.

Состојки: Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Candelilla/Jojoba/Rice Bran Polyglyceryl-3 Esters, Helianthus Annuus Seed Oil, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Macadamia Integrifolia Seed Oil, Oenothera Biennis Oil, Cetyl Alcohol, Glycerin, Sesamum Indicum Seed Oil, Calendula Officinalis Extract, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol, Sodium Stearoyl Lactylate, Hypericum Perforatum Extract, Olea Europaea Fruit Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Helichrysum Italicum Flower Oil, Limonene, Linalool

Погледнете само колку е умешно направен овој производ. На почетокот после водата ставено е масло каприлик коие е многу лесно масло и идеално за сите типови на кожа. Истото е искомбинирано со сончогледово масло кое е лесно масло (за нијанса потешко од каприликот), и бадемово кое е средно лесно масло. Потоа во самата формула има масло од макадамија, масло од сусам, масло од жолто ноќниче и маслиново масло. Умешноста лежи во количината на маслата односно, полесните и средно лесните масла се на почетокот на декларацијата (застапени во поголема количина) а оние другите  во средината или кон крајот на декларацијата (застапени во помала количина). Запоменете нешто многу важно, сосема е погрешно да мислите дека една кожа доколку е масна има потреба од производи кои не содржат масла, не верувајте кога така ќе ви кажат. Не ја правете грешката на многумина кои масната кожа ја “обезмастуваат“ со агресивни производи. Масната кожа има потреба од убаво избалансиран производ кој ќе содржи масла, меѓутоа одлично искомбинирани како во случајов.

Овој крем понатаму содржи екстракт од невен, екстракт од кантарион и масло од смиљ.

Структурата на овој крем е со средна густина, меѓутоа е доста лесен како производ нанесен врз кожата. Како што претходно напоменав, го регулира лачењето на вишокот на себум на лицето, меѓутоа не прави агресија на кожата (како што е тоа случај со многу други производи наменети за масна кожа), туку напротив ја хидрира и го обновува заштитниот филм на кожата, а со самото тоа и правилната физиолошка функција на кожата.

Цената на овој производ е 600 мкд и истиот може да го најдете во продавницата на Тесори ди Маре или онлајн на tesoridimare.mk

3. Екстра богат крем за ноќна нега на кожата

Овој крем има многу масна и богата структура и е идеален за сите оние кои имаат сува и чувствителна кожа на лицето, како и за ноќна нега на повозрасна кожа. Богатата формула прави регенерација на кожата и ја подобрува еластичноста на самата кожа.

Состојки: Aqua, Sesamum Indicum Seed Oil, Prunus Armeniaca Kernel Oil, Cera Alba, Olea Europaea Fruit Oil, Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, Oenothera Biennis Oil, Cetearyl Alcohol, Glycerin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Chamomilla Recutita Extract, Helichrysum Italicum Flower Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Limonene, Linalool

Од самата формула може да забележиме дека ова е навистина побогат крем (во споредба со претходните два). Овде како почетно масло е ставено она од сусам кое е искомбинирано со масло од семки од кајсија, маслиново масло, масло од жолто ноќниче и масло од смиљ. Како екстракти користени се оние со смирувачки ефект врз кожата како екстракт од камилица. 

Како што претходно напоменав овој крем има многу, многу густа структура. Јас го употребив неколку пати за ноќна нега на кожата. Мора да кажам дека е прекрасен и ја остава кожата мека и свиленкаста (иако кај мене ја мастеше кожата со оглед на тоа што мојата е комбинирана). Меѓутоа доколку вашата кожа е сува и чувствителна и покажува знаци на стареење, ова е вистинскиот производ за вас. Со редовна употреба ќе успеете да ја подобрите еластичноста на кожата, а знаеме колку кожата е поеластична, толку и самиот квалитет е подобар, а и брчките се видно намалени.

Секако само кремот не е доволен за да се спречат предвремените брчки на лицето или да се намалат постоечките, така да ви советувам во секојдневната рутина на нега на кожата, да ја вметнете и масажата на лицето со помош на една од овие две алатки: ролер или Gua Sha.


Овој крем може да го купите по цена од 630 мкд. и истиот може да го најдете во продавниците на Тесори ди Маре или онлајн на tesoridimare.mk

Како што напоменав на почетокот кремите може да ги купите одделно или сите три заедно по цена од 1500 мкд (што според мене е одлично со оглед на тоа што видно заштедувате). 

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Доколку сте во потрага по еден крем кој истовремено е функционален, природен и одлично избалансиран, дајте им шанса на овие креми од Оливал, верувајте ми, резултатите ќе ве воодушеват. 

Ние се читаме наскоро во некој наредна статија. Ве поздравувам и секое добро.

Вики

Comments