Правилна нега на рацете

 


Здраво драги мои,

нашите раце секојдневно доаѓаат во контакт со разни производи како сапуни и гелови за измивање (особено во овој период каде потребно е често и правилно измивање на истите), средства за дезинфекција и производи за чистење на домовите кои честопати се агресивни. Студеното време и ветерот, додатно ја ослабнуваат кожата на рацете и ја прават понеотпорна и почувствителна. Многупати забораваме да посветиме внимание на овој дел од телото и како резултат на тоа кожата затега, се суши или станува погруба, а во најлош случај се испукува. Во денешнава статија ќе говориме за правилна нега на рацете и ќе ви предложам производи за таа намена.

Кожата на рацете е со средна дебелина (ако се земе предвид дека кожата на очните капаци е околу 0,2 мм , а онаа на стапалата е 3 мм.). Кожата во овој дел од телото е многу поразлична од онаа на лицето или телото со оглед на тоа што нема лојни жлезди и не е способна да ја задржи потребната влага. 

Сѐ започнува од изборот на правилниот производ за миење на рацете


Токму така, сите знаеме колку е важно да се оддржува правилна хигиена на рацете (особено во овој период на пандемија), меѓутоа многу често избираме доста агресивни производи за измивање на истите, или пак го земаме првото нешто што ќе ни дојде при рака. 

Најнапред да го срушиме митот дека течните гелови за миење се помалку агресивни од сапуните. Не може да се генерализира на овој начин со оглед на тоа што пред сѐ зависи од декларацијата на еден производ (листата на состојки) и што е најважно формулата, односно како и на кој начин состојките се меѓусебно искомбинирани. Ова е особено важно кога станува збор за сурфактантите (измивачите) во еден производ, кои доколку се меѓуебно лошо искомбинирани може да бидат многу агресивни и да предизвикаат сушење на кожата на рацете.

Од друга страна пак домашно подготвените сапуни со правилна пропорција на масла и состојки со ленитивно дејство може да дадат прекрасни резултати. Ви оставам видео за подготовка на еден детски сапун кој е идеален за миење на кожата на рацете.


По секое измивање на рацете (ама буквално секое) потребно е да се нанесе мала количина на крем за нега и заштита на кожата на рацете. И тука започнува дилемата...

Сите креми се исти така???

Апсолутно не. Постојат креми и креми, почнувајќи од оние комерцијалните на база на силикони и навтени деривати, па сѐ до оние природни и органски кои содржат комбинација на чисти растителни масла, путери, хидролати и екстракти. Ќе се најде и по некој паметен кој ќе каже, ама силиконите и навтените деривати не се лоши ја задржуваат водата во кожата....Да точно, ама тоа го прават на многу неприроден и несоодветен начин. Креираат еден вид на маска, заштитен филм на кожата, прават преголемо задржување на вода кое е неприродно и даваат лажен ефект на мазна и свиленкаста кожа. Може да кажам дека се како кочијата на Пепелашка, траат до полноќ...доколку ја прекинете употребата ќе забележите дека состојбата со кожата на рацете е влошена со оглед на тоа што како состојки овие воопшто не се компатибилни со истата и немаат никаков афинитет. Нашата кожа не ги препознава.

Од друга страна пак, чистите растителни масла и путери исто така имаат способност парцијално да направат задржување на влажноста во кожата, ама за разлика од силиконите, овие се компатибилни со нашата кожа, истата ги препознава и дел од нив метаболизира (искористува). Истовремено ем ја задржуваат правилната влага или хидратација на кожата, ем ја негуваат самата кожа и ја прават помека. Токму затоа од срце препорачувам природни средства за нега на кожата на рацете чиј ефект е вистински (не даваат лажна слика) и долготраен.

Како што напоменав на почетокот на статијата, денес ќе ви предложам три креми кои се идеални за сува и чувствителна кожа на рацете од марката Уртекрам која јас лично ја обожавам.


Формулата на сите три креми е иста, се менуваат ектрактите и етеричните масла кои даваат еден вид на обележје на самиот крем. Еве да разгледаме една од декларациите на овие три креми

АQUA, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, GLYCERIN**, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, CETYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE SE, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL*, ZEA MAYS STARCH*, LYSOLECITHIN, GLYCERYL CAPRYLATE, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLOWER EXTRACT*, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, SALIX PURPUREA BARK EXTRACT*, LAVANDULA HYBRIDA OIL*, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF OIL*, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL*, EUCALYPTUS GLOBULUS LEAF/TWIG OIL*, CHAMOMILLA RECUTITA OIL*, ZINC RICINOLEATE, XANTHAN GUM, SODIUM HYALURONATE, MAGNOLIA OFFICINALIS BARK EXTRACT, HEXAPEPTIDE-11, LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, LACTIC ACID, GLYCINE SOJA OIL, TOCOPHEROL, SQUALENE, BETA-SITOSTEROL, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL, GERANIOL.

По водата на втора позиција може да забележиме шеа путер, кој е јасен показател дека кремот е наменет за сува и чувствителна кожа на рацете. Шеа путерот има големо хранливо, меѓутоа и заштитно дејство на кожата на рацете. 

Потоа може да се забележи екстракт од алое вера, бадемово масло и глицерин. Оваа формула гарантира три важни работи и тоа: правилна хидратација, заштита и хранење на кожата. Исто така може да забележиме маслиново масло, лизолецитин кој е фантастичен во ваков тип на производи, масло од јојоба екстракт од лаванда и невен.


Како што веќе напоменав има три различни видови на овој крем:

- лаванда за сите оние кои се љубители на оваа билка и сакаат производ со смирувачки ефект врз сите сетила;

- лимон, за сите оние кои сакаат свежи мириси;

- портокал, во кој лично јас се вљубив со оглед на тоа што ја обожавам линијата за тело со истиов мирис.



Комбинацијата на состојки е така умешно направена, да без разлика на тоа што кремот како структура е богат, истиот воопшто не е тежок и кожата на рацете лесно го впива. Еве ја структурата на кремите:




Се нанесуваат секојдневно после секое миење, мала количина од кремот се нанесува на чиста кожа на рацете и се втрива до комплетно впивање. Со редовна употреба ќе ја задржите правилната хидратација на кожата на рацете, ќе ја заштитите од секојдневните агресии и ќе ја оддрќите самата кожа што поелатична и поубава. Ви гарантирам едно нешто: резултатот кој ќе ви го дадат оиве креми е вистински и долготраен. 

Овие производи може да ги најдете по цена од 420 мкд. на www.bellina.mk и во нивниот БиоШоп.

Се надевам дека оваа статија ви беше од корист и ви се допадна.

Ние се чистаме наскоро со нови содржини.

Ве гушкам

Вики


Comments