
Што се однесува до косата, доколку новороденчето има премногу густа коса (се случува да се родат бебиња со премногу коса), еднаш неделно многу мала количина од шампонов кој ќе ви го предложам во продолжение (буквално една капка) растворена во вода (никако директно врз косата) може да се нанесе на косата и нежно да се измие.
Производиве кои ќе ви ги препорачам во продолжение се навистина со одлична декларација и многу нежни за детската кожа, така да слободно може да се користат од третиот месец па нагоре според начинот на кој е претходно опишано. Станува збор за бебешката линија Alga Natis од органската марка Laboratorie de Biarritz.
Да започнеме со производот за измивање со оглед на тоа што е можеби и еден од најбараните и база на нега на кожата.
INGREDIENTS : Aqua, Glycerin**, Disodium Cocoyl Glutamate, Cocos Nucifera Oil*, Xanthan Gum, Algae Extract*, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder*, Sodium Cocoyl Glutamate, Citric Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate
Од декларацијата може да се забележи дека станува збор за еден многу нежен производ кој е навистина одличен за хигиена на детската кожа уште од најрана возраст. По водата се забележува присуство на глицерин кој го зголемува хидратантното дејство на производот, па дури потоа сурфактантите односно комбинација на Disodium Cocoyl Glutamate и Sodium Cocoyl Glutamate. Овие два сурфактанти се едни од најнежните (базирани врз амино киселини) претежно со комбинација на кокосово масло и ферментирени шеќери и имаат навистина благо измивачко дејство. Во производов се употрeбени во минимална доза (со оглед на тоа што доаѓаат после глицеринот би рекла околу 4%).
Инаку овие два се препорачуваат во производи за деца или пак во производи за возрасни со многу чувствителна кожа, кожа со иритации и црвенила. Во формулава се додатно збогатени со кокосово масло со што се намалува нивното (и онка скромно) измивачко дејство и самиот производ станува уште понежен. Сокот од алое вера (присутен во самата формула) додатно ја спречува појавата од црвенила и реакции на кожата и го зголемува ленитивното (омекнувачко) дејство на самиот производ.
По измивањето на кожата доаѓа на ред следниот производ која би сакала да го рецензирам, односно хидратантната крема за нега на детската кожа.
INGRÉDIENTS : Aqua, Helianthus Annuus Seed Oil, Cocos Nucifera Oil*, C10-18 Triglycerides, Glycerin, Hydrogenated Castor Oil, Polyglyceryl-6 Distearate, Algae Extract*, Xanthan Gum, Jojoba Esters, Sodium Levulinate, Glyceryl Caprylate, Cetyl Alcohol, Polyglyceryl-3 Beeswax, Sodium Anisate, Tocopherol, Citric Acid
Формулата е многу едноставна (мој омилен вид на формули) односно комбинација на сончогледово, кокосово и рицинусово масло со витамин Е во чиста форма (токоферол), триглицериди, естери од масло од јојоба и секако глицерин. Ваквата формула за цел има најнапред да ја задрќи правилната хидратација на кожата, да направи еден вид на лубрификација (со оглед на тоа што бебешката кожа сеуште нема функционални лојни жлезди), да ја нахрани и заштити од ндворешните влијанија. Мислам дека овој производ е одличен за користење во комбинација со гелот за миење кој претходно ви го предложив со оглед на тоа што едниот нежно измива, а вториов ја хидрира бебешката кожа и ја остава нахранета и еластична.
Во случај на проблеми со црвенила во пределот на пеленската регија од истава марка има два прекрасни производи и тоа кремот со цинк оксид и лосионот за пеленска регија.
Во случај на изразено црвенило како резултат на влажниот амбиент кој го создава пелената во контајт со мокрачата на бебето, на помош доажа кремот за пеленска регија врз база на цинк оксид. важно е да напоменам дека ова не е производ кој се користи секојдневно, туку само кога ефективно има потреба од тоа, односно кога бебешкото газе или пределот кај гениталиите е вцрвенет и иритиран.
INGRÉDIENTS : Aqua, Zinc Oxide, Olus Oil, Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, Cocos Nucifera Oil*, Glycerin**, Hydrogenated Vegetable Oil, Magnesium Sulfate, Propanediol, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Squalane, Algae Extract*, Gelidium Sesquipedale Extract, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder*, Glyceryl Caprate, Zinc PCA, Olive Glycerides, Helianthus Annuus Seed Oil, Tocopherol, Ceramide NP
Смирувачката моќ на цинк оксидот (освен тоа што има сува доејство сепак има способност да смири иритации и црвенила) е одлично потенцирана со хранливата моќ на комбинацијата на масла во самиот производ како сончогледово, кокосово, масло од јојоба, сквален и глицериди од маслинка. Омекнувачкото дејство е потенцирано со присуство на глицеринот, сокот од алое вера и комплексот на керамиди.
Како што претходно напоменав овој проузвод се употребува само по потреба а не секојдневно.
Лосионот од друга страна може да се употребува секојдневно, со оглед на тоа што претставува еден вид на маслен производ кој има за цел да ја омекне и заштити кожата од иритации и црвенила.
INGRÉDIENTS : Olea Europaea Fruit Oil*, Aqua, Cera Alba*, Algae Extract*, Glycerin**, Glyceryl Caprylate, Helianthus Annuus Seed Oil, Tocopherol, Calcium Hydroxide.
Направен на база на маслиново масло, сончогледово масло, вит Е (токоферол) глицерин и пчелин восок, овој производ има за цел да ја заштити и омекне детската кожа и да ја избегне појавата на црвенила во отј предел од телото. Доколку редовно го употребувате овој проузвод, мислам дека нема да имате потреба од оној другиот, односно кремот со цинк оксид (иако пожелно е да ги имате и двата за не дај Боже).
Се нанесува со помош на една памучна дискета и нежно се премачкува делот околу бутчињата на бебето (онаму каде се допира работ од пелената).
Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви беше од корист и дека ви се допадна. Овие производи може да ги нарачате онлајн на https://www.bellina.mk или да ги купите во еден од нивните БиоШоп.
Comments
Post a Comment