Неверојатна хидратација на кожата со серумот со хијалуронска киселина на Skindivision


 Здраво драги мои,

едно од најчестите прашања кои ги добивам се однесуваат на производи (особено серуми) кои имаат способност да ја зголемат или подобрат правилната хидратација на кожата. Обично кога станува збор за козметика наменета за хидратација на кожата, една од најнеизбежните состојки е токму хијалуронската киселина. 

Хијалуронската киселина е една од најфасцинантните молекули која може кон себе да “врзе“ многу вода. Повеќе од јасно е дека станува збор за хидрофилна состојка (водена), иако во својот состав има и мал липофилен дел.

Во козметичките производи хијалуронската киселина може да се најде како hyaluronic acid или sodium hyaluronate, иако пожелно е да правиме разлика помеѓу овие два термина. Првото е хијалуронска киселина која е киселина и има и благо избелувачко дејство врз кожата со оглед на тоа што прави кисела реакција. Второто не е киселина туку нејзина сол (затоа и името содиум) која не предизвикува киселинска реакција, нема избелувачкодејство врз кожата, меѓутоа одлично ја хидрира самата кожа исто како и hyaluronic acid.

Во козметичките производи многу ретко се користи киселината како чиста (скоро и да ја нема) или доколку ја користеле, козметичките куќи мора претходно малку да ја неутрализираат во самата формула на производот за да ја доведат до повисока пх вредност. Доста е скапа како производ така да ретко ќе ја најдете во козметичките производи.

Хијалуронската сол (иако сите ја викаат хијалуронска киселина) е многу повеќе застапена во козметиката и постои со макро или микро димензии, односно висока и ниска молекуларна тежина. Она со висока молекуларна тежина во водените раствори дава убава густа гел структура и има неверојатно својство да ја задржува водата со што на кожата и дава одлична хидратација. Обично овој тип на хијалуронска киселина е најчесто употребуван во козметиката.

Постојат голем број на производи на база на хијалуронска киселина, некои од нив содржат хијалуронска киселина со висока молекуларна вредност, некои со ниска, некои со повеќе видови и.т.н. Во денешнава статија би сакала да ви го претставам серумот на марката Skindivision како еден од најдпбрите кои досега ги имам пробано. Што е тогаш она што овој серум го прави посебен и многу подобар од сѐ што сум пробала претходно? 

Во една од моите статии во која говорев за хијалуронската киселина кажав дека онаа со висока молекуларна вредност дава гел структура и претежно делува на површината на кожата на епидермисот, додека онаа која е со ниска молекуларна структура дава течна структура и претежно делува од внатре (навлегува подлабоко во кожата). Гледајќи ја структурата на овој серум, може да се каже дека истиот содржи хијалуронска киселина со ниска молекуларна вренодтс, која не е сама во формулата туку одлично искомбинирана си други состојки кои ја помагаат хидратацијата и имаа смирувачко дејство врз кожата како на пример уреа, пантенол (провитамин Б5). Присувството на Sodium PCA кој е еден вид на аминокиселина која има огромно хидратантно дејство врз кожата и е природно присутен во составот на природниот фактор за хидратација на кожата Natural Moisturing Factor.

Уникатната комбинација на сите овие состојки, обезбедува правилна хидратација на кожата, секако во склад со други производи каде има и маслена база со цел да се зголеми истата. Овој серум се користи на тој начин што неколку капки се ставаат на кожата и нежно се масираат до потполно впивање. За подобар ефект и долготрајна хидратација, во советувам истиот да го комбинирате со серумот со есенцијални масни киселини (капнете на раката иста количина од серумот со хијалуронска и оној со есенцијални масни киселини и нанесете на кожата на лицето).

Овој производ е идеален за употреба од 30-та година па нагоре и ви советувам да го користите навечер во комбинацијата која претходно ја напоменав или пак под вашиот крем. 

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро.

Поздрав

Вики

Comments