Ампули за лице Dhyvana- интензивен третман за убава кожа

 


Здраво драги мои,

ампулите претставуваат еден вид на додaтен интензивен третман на кожата идеален во периоди на промена на годишните времиња, при состојба на стрес (доколку преживуваме стресен период), во периоди кога нашата кожа е особено дехидрирана (на пример за време на летниот период) или пак во случај на недостаток на некој витамин. 

Овој вид на третман не претставува замена за кремот (кој секогаш треба да биде дел од нашата летна или зимска нега на кожата), туку на некој начин (доколку самите ампули се одлично формулирани) го потенцира и помага ефектот на кремот и токму затоа се користат пред самиот крем наутро и навечер (или онака како што е означено на опаковката на производот). Во днешнава статија ќе ги разгледаме ампулите на марката Dhyvana кои се сертифицирани органски, со одлично формулирани состојки. Во секое шишенце ампула се наоѓа еден супер концентриран микс на состојки специјално избран како помош при одредена проблематика на кожата. 

Во статијава ќе ги разгледаме ампулите Cellular Repair, одлични во случај на чувствителна кожа склона кон црвенила, и Urban Antiox за сите оние кои имаат потреба од антиоксиданднти состојки кои се од огромна важност за здрава и убава кожа, особено за време на летниот период и доколку живеете во позагадени места.  

Cellular Repair ампули за чувствителна кожа

Овие ампули беа први кои ги пробав со оглед на тоа што голем број од барањата кои ги добивам се однесуваат за препорака на произвди за чувствителна кожа. Овие ампули имаат навистина уникатна формула и содржат состојки кои не само што одлично ја смируваат и зајакнуваат бариерата на кожата, туку истовремено може да се користат и како третман на зоната околу очите особено доколку имате проблем со лоша циркулација и задржување на вишок на течности во тој предел од лицето.

СОСТОЈКИ: OSMOTIC WATER (AQUA), PROPANEDIOL, SODIUM HYALURONATE, GANODERMA LUCIDUM EXTRACT, CHLORELLA VULGARIS POWDER*, VITIS VINIFERA SEED OIL, ASCOPHYLLUM NODOSUM EXTRACT, THEOBROMA CACAO SEED BUTTER, TOCOPHEROL, GLYCERIN, XANTHAN GUM, LECITHIN*, GLUCONOLACTONE, GLYCERYL CAPRYLATE, GLYCERYL UNDECYLENATE, PHYTIC ACID, BENZYL ALCOHOL, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE.

*состојки од органско земјоделство

Како што може да забележите од декларацијата, овие ампули содржат хијалуронска киселина (која е одлична за хидратација на кожата), потоа масло од семки од грозје, екстракт од алга (кој е одличен за подобрување на микроциркулацјата и исфрлување на вишокот на течности), вит. Е (токоферол), какао путер. Комбинацијата на сите овие прекрасни состојки прави да овие ампули, како производ, најнапред прават заштита на бариерата на чувствителната кожа, а потоа и ја подобруваат хидратацијата на истата, и што е најважно ја подобруваат микроциркулацијата на самата кожа. Одлични се за користење во текот на целиот летен период кога особено сувата и чувствителна кожа страда од губиток на вода и е дехидрирана, или пак во случај на црвенила.

Во видеото подолу видете што сѐ содржи пакувањето на овие ампули, како да се користат и каков ефект дава самата ампула на лицето. 

Иако на самата опаковка пишува дека како интензивен третман се користи една ампула на едно нанесување, јас сепак сметам дека е премногу, бидејќи премногу производ на лицето дава леплив ефект. Според мене најдобро е доколку една ампула ја користите двапати дневно (наутро и навечер).

Овие ампули може да ги најдете ексклузивно во ДМ маркетите по цена од 830 мкд.

Urban Antiox- антиоксидантни ампули за лице

Голем е бројот на оние кои иако немаат сува кожа, за време на летниот период ја чувствуваат сопствената кожа благо дехидрирана или пак забележуваат дека самата кожа изгледа сиво и без сјај, како резултат на недостиг на некој витамин. Исто така, многупати имам напоменато колку е важно да за време на целиот летен период употреба на производи кои содржат антиоксидантни состојки како на пример вит. Ц или вит. Е. 

СОСТОЈКИ: OSMOTIC WATER (AQUA), PROPANEDIOL, GLYCERIN, SODIUM HYALURONATE, PICHIA FERMENT LYSATE FILTRATE, DRACAENA DRACO EXTRACT, CENTELLA ASIATICA EXTRACT*, BACOPA MONNIERI EXTRACT, LAPSANA COMMUNIS FLOWER EXTRACT, MORINGA OLEIFERA SEED EXTRACT, PHYTIC ACID, BENZYL ALCOHOL, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE.

*состојки од органско земјоделство

Базата (првите три состојки) е иста како и кај другите ампули, она што ги прави различни се секако ектрактите употребени во истите. Во овој случај, како што може да забележите од самата декларација како екстракти употребени се Centella Asiatica (позната како ектракт од Готу кола) кој го помага синтетизирањето на кератин во кожата и ја подобрува и оддржува правилната микроциркулација, потоа екстракт од змаева крв кој има одлично антиоксидантно и регенеративно дејтво врз кожата. 

Во декларацијата понатаму, може да се забележи и екстракт од моринга (наречена уште “волшебно дрво“), која е богата со Ц витамин и има огромно антиоксидантно дејство врз кожата. Бидете сигурни дека со вака формулирани екстракти, масла и останати состојки, го добивате најдоброто антиоксидантно дејство за вашата кожа во текот на целиот летен период. 

И оваа ампула се користи на ист начин како што претходно објаснив, и може да ја најдете екслузивно во ДМ маркетите по цена од 830 мкд.

Драги мои, јас се надевам дека и оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Доколку е тоа така дајте им шанса на овие ампули кои на најприроден можен начин ќе ја подобрат структирата на вашата кожа, ќе ја заштитат од надворешните влијанија и ќе ја направат поздрава, поцврста и поубава.

Се читаме наскоро

Вики 

Comments