3 неопходни производи за нега на лицето

 


Здраво драги мои,

со оглед на тоа што попустот од 15% на сите производи на bellina.mk трае до 15 септември, се решив со време да ви претставам три прекрасни производи кои лично ги истестирав, погодни за разни типови на кожа. Намерно сакам да претставам по нешто за секој тип на кожа со цел да ви олеснам и помогнам при изборот на вистинскиот производ за вашиот тип на кожа или проблематика.

Ајде да започнеме со првиот производ кој е наменет за комбинирана до масна кожа. Честопати читателите и читатеките скои ми се обраќаат за совет за овој тип на кожа, прво нешто што ги прашувам е со што ја мијат кожата. Понекогаш понесени од желбата да ја тргнеме маснотијата која е карактеристична за масната кожа посегнуваме кон поагресивни средства кои моментално измиваат и даваат чувство на чиста кожа, меѓутоа по 10-на минути состојбата се враќа како претходно, па дури и се влошува. Ова се должи на фактот што обезмастувајќи ја кожата, правиме дисбаланс на природната заштита на самата кожа и таа мора да се брани лачејки двојно па и тројно повеќе себум. Проблемот е во тоа што тој нов себум не е воопшто ист како оној природниот кој кожата во нормални услови го лачи, овој е еден вид на SOS себум. Со постојаното обезмастување кожата ќе биде приморана да го прави ова и влекуваме во маѓепсан круг.

Со употреба на средство кое не е агресивно и кое го измива само вишокот на себум, правиме да нашата кожа сама го нормализира лачењето на себум и на некој начин ја поддржуваме во природната функција и секако го зајакнуваме природниот заштитен филм на кожата. Едно такво шриродно средство кое го почитува природниот филм на нашата кожа е пената за комбинирана до масна кожа на Натура Сиберика.


Станува збор за производ кој содржи 99,9 % состојки од природно потекло и кој има многу убаво избалансирана формула. При изборот на еден производ за измивање избалансираната формула е од основно значење. Постојат производи кои се природни и органски, меѓутоа не мора да значи дека се и убаво избалансирани. Ајде да ја разгледаме декларацијата на истиот.

СОСТОЈКИ (INCI):  AQUA, COCAMIDOPROPYL BETAINE, GLYCERIN, COCO GLUCOSIDE, GLYCERYL OLEATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, PINEAMIDOPROPYL BETAINEᵖˢ, HIPPOPHAE RHAMNOIDESAMIDOPROPYL BETAINEʰ, SOPHORA JAPONICA FLOWER EXTRACT, CHAMOMILLA RECUTITA (MATRICARIA) FLOWER WATER*, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL, ACHILLEA ASIATICA EXTRACTʷʰ, AQUILEGIA SIBIRICA EXTRACTʷʰ, ANEMONOIDES ALTAICA EXTRACTʷʰ, HESPERIS SIBIRICA EXTRACTʷʰ, SAPONARIA OFFICINALIS ROOT EXTRACT*, CITRIC ACID

Од декларацијата може да забележиме дека по водата која е на прва позиција има многу интересен микс од сурфактанти односно: кокамидопропил бетаин па глицерин па коко глукозид и глицерил олеате и содиум кокоил глутамат. Бетаинот е анфотерен сурфактант и како таков може да дејствува како анјонски и катјонски, односно може во случајов да има улога на примарен сурфактант кој што секогаш е анјонски. Истиот е ублажен од коко глукозид и глицерил олеат кои се многу благи и кожата одлично ги “толерира“. Содиум кокоил глутаматот е многу нежен сурфактант кој го подобрува дејството на примарниот. Вака избалансирани сурфактантите даваат производ кој е многу нежен за кожата, меѓутоа убаво измива. Секако не претерано, што е од огромна важност.

Овој производ понатаму е збогатен со  хидролат од камилица која има ленитивно дејство врз кожата, сончогледово масло кое има убав хранлив ефект и повеќе есктракти од сибирски билки. Декларацијава многу ми се допаѓа, е и ефектот врз кожата е прекрасен (јас имам комбинирана кожа). Го користев во текот на летниот период и навистина бев многу задоволна. Ја остава кожата мека, истата воопшто не затега и е убаво измиена, а притоа хидрирана. Еве ја структурата на овој производ.

Сите оние девојки и момци кои ме читаат и кои имаат комбинирана до масна кожа, од срце ви препорачувам да го пробате овој производ. Навистина ќе бидете задоволни од резултатот и ќе и помогнете на вашата кожа природно да го нормализира производството на себум.

Вториот производ кој сакам да ви го претставам одговара за нормална до сува кожа. Станува збор за една маска за лицето која има омекнувачки и смирувачки ефект врз кожата. Кога станува збор за сува кожа, освен средтсвото за миење и кремот, од огромна важност е употребата на производ за дополнителна нега како на пример оваа маска за лице од марката Натура Сиберика.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, GLYCERIN, CETEARYL ALCOHOL, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, OCTYLDODECANOL, BENTONITE, TOCOPHEROL, ARALIA MANDSHURICA LEAF/STEM WATERʷʰ ʰ *, PINUS SIBIRICA SEED OILʷʰ *, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, CALENDULA OFFICINALIS FLOWER EXTRACT*, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT*, SORBUS AUCUPARIA FRUIT EXTRACTʷʰ *, RHODIOLA ROSEA ROOT EXTRACT*, ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS ROOT EXTRACTʷʰ *, PETASITES JAPONICUS LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, SODIUM HYALURONATE, MENTHYL LACTATE, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, XANTHAN GUM, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, PARFUM, CI 77288, LIMONENE, LINALOOL, CITRAL, CITRONELLOL, EUGENOL, CINNAMAL.

Оваа маска има идеална пропорција на маслени и водени остојки. Содржи шеа путер, сончогледово масло, каприлик масло како маслени сотојки а од водените присутни се вода, хидролат од манџурска аралија, глицерин. Она што ја прави уникатна е комбинацијата на сибирски екстракти кои се специјално одбрани за да ја заштитуваат кожата од надворешни влијанија, да ја омекнат и да ја нахранат.

Се нанесува на убаво исчистена кожа и се остава да делува околу 10 мин., потоа темелно се отстранува со млака вода. Ефектот е видлив уште по првата апликација. Кожата е помека и поубава, нахранета и хидрирана. Ви репорачувам да ја користите еднаш неделно.


Третиот производ кој сакам да ви го претставам е одличен за сите видови на кожа, особено сега по завршувањето на летниот период кога потребно е да е направи подготовка на кожата за претстојниот поладен период. За време на летниот период ви велев да избегнувате многу пилинзи, меѓутоа сега може да направите пилинг на кожата на лицето (не претерано еднаш месечно е доволно). За таа цел би сакала да ви го претставам желе пилингот за чувствителна кожа на Натура Сиберика.


Станува збор за производ кој на нежен начин прави пилинг на кожата. Ајде да ја разгледаме декларацијата.

СОСТОЈКИ (INCI):  AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, GLYCERIN, PRUNUS ARMENIACA SEED POWDER*, HYDRATED SILICA, XANTHAN GUM, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE, RHODIOLA ROSEA ROOT WATERʰ *, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, CALENDULA OCINALIS FLOWER EXTRACT*, AQUILEGIA SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, SCHIZANDRA CHINENSIS EXTRACTʷʰ *, DASIPHORA FRUTICOSA EXTRACTʷʰ *, PINUS SIBIRICA SEED OILʷʰ *, SALVIA OFFICINALIS LEAF EXTRACT*, CELLULOSE GUM, CARRAGEENAN, CERATONIA SILIQUA GUM, SUCROSE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, POLYGLYCERYL-6 OLEATE, TOCOPHEROL, SODIUM SURFACTIN, SODIUM HYALURONATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, POTASSIUM HYDROXIDE, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL.

Како скраб состојка во овој производ употребен е мелен бадем кој има навистина многу нежно скраб дејство врз кожата. Базата на производот е водена (на база на хидролати и глицерин) и содржи голем број на екстракти со смирувачко дејство како на пример екстракт од камилица, екстракт од невен итн. Има желе структура која на некој начин ми се допаѓа затоа што не е тешка и има освежително дејство врз кожата на лицето. Еве ја структурата на производот.
 

Мала количина се нанесува на благо навлажнета кожа со благи кружни движења (избегнувајќи ја зоната околу очите). Повторувам дека не треба да се претерува со пилинг. Јас би рекла дека еднаш месечно е доволно, бидејќи претераното правење на пилинг ја ослабнува природната бариера на кожата и ја прави самата кожа неотпорна на надворешните влијанија.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна. Намерно ги претставив сите производи сега со цел да ви овозможам да го искористите попустот од 15% кој ви го подготвивме со Белина доколку истиве производи ви се допаѓаат секако.

Запомнете дека попустот се однесува на сите производи од сајтот на bellina.mk  внесувајќи го кодот biodevojka15. Иницијативата трае до 15 септември.

Ве гушкам 

Вики

Comments