Комбинирана кожа на лицето? Пробајте ги овие два производи


Здраво драги мои,

комбинираната кожа е една од најкомплицираните типови на кожа кога станува збор за негата, со оглед на тоа што на делови е помасна а на делови е посува. Навистина доста е комплицирано да се најде производ кој истовремено ќе хидрира, ќе ја нормализира Т зоната, меѓутоа и ќе ги храни оние делови каде кожата е посува. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви предложам два прекрасни производи во кои буквално се вљубив, наменети токму за нега на комбинираната кожа. Станува збор за чистачот и маската со бела глина на Натура Сиберика.

1. Чистач за лице


Секогаш кога ме прашувате за совет за комбинирана кожа која истовремено е чувствителна, прво нешто кое ве прашувам е со што ја миете кожата на лицето, бидејќи оттука потекнува сѐ. Премногу агресивните средтсва за миење на кожата прават дисбаланс на природната заштита на нашата кожа (хидролипидниот заштитен филм) и предизвикуваат проблеми како сушење на кожата на одредени делови или пак преголемо мастење на кожата во Т зоната, појава на акни итн.). Токму затоа секогаш кажувам дека средството за миење кое ќе го одберете е од огромна важност за здрава и убава кожа. Во денешнава статија ќе ви претставам еден производ за чистење на лицето кој е одлично формулиран, ја потпомага правилната функција на нашата кожа со оглед на тоа што благо измива, не прави алтерација на природната заштита на кожата и ја помага кожата во природното балансирање на вишокот на себум. 

Знаеме дека доколку кожата ја измиеме со некое агресивно средтсво таа како одбрана лачи уште повеќе масти со оглед на тоа што се чувствува нападната. Со овој производ тоа не е случај бидејќи со оглед на тоа што го измива само вишокот на масти од кожата и и помага на самата кожа природно да го регулира производството на масти (себум). 

Па добро некој од вас ќе се запраша може ли еден путер производ да ја измива кожата? Секако дека може, доколку истиот е добро искомбиниран со останатите состојки (значи не е само путер иако се нарекува така според структурата). Ајде да ја разгледаме декларацијата на овој производ со цел да утврдиме како и на кој начин функционира.


Најнапред од огромна важност е да напоменам дека станува збор за производ каде базата е 99,99% од природно потекло и користени се дури 62,39% состојки од органско потекло. Ова е редок случај и можеби единствен производ со волку висок процент на природни и органски состојки кои воопшто сум рецензирала. Базата на овој производ се претежно масла како сончогледово масло, рицинусово масло, масло од сибирски бор, кои со помош на 4 вида на емулгатори (оние кои започнуваат со polyglyceryl ) се поврзани со мала количина на вода. Формулата на производот е вода во масло, каде водата во помал процент е додадена во маслото кое е во поголема количина, а тоа може да се заклучи и од фактот што како згуснувач не е додаден ксантан гума туку магнезиум хлорид. Со оглед на тоа што јас самата правам козметика, мора да ви напоменам дека овој вид на производи е најкомлициран за изработка, бидејки една мала грешка (повеќе или помалку од една состојка) може да влијае врз расипување на структурата на производот, или поточно кажано да се одвои емулазијата. 


Емулгаторите заедно со пчелиниот восок ја даваат оваа густа путер структура на производот. Во производот понатаму присутен е каолин (односно бела глина) која е многу нежна и одлична за кожата, особено за комбинираната кожа, со оглед на тоа што нежно го апсорбира вишокот на масти, меѓутоа не толку многу како зелената. Во формулата присутен е и титаниум диокид кој во случајов е додаден поради бојата, со цел производодт да има побела боја. Од екстракти може да забележиме екстракт од сибирски бор, а исто така кон крајот на декларацијата може да забележиме и мала количина на еден нежен сурфактант односно содиум лаурет глутамат. 

Овој тип на производи делуваат на тој начин што кога ќе се нанесат на кожата, мастите кои се база на овој производ природно се поврзуваат со нечистотијата на лицето (која е од маслена природа) и при измивањето водата со која се миеме се врзува за оној процент на вода во проиводот,кој пак преку емулгаторите е споен о мастите и на тој начин ја отстранува нечистотијата од лицето, без притоа да направи никаква алтерација на заштитниот филм на кожата.


Мора да напоменам дека во последно време станав голем фан на овој тип на призводи како путери и млека за измивање на кожата, со оглед на тоа што не се воопшто агресивни и на нежен начин ги измиваат вишокот на нечистотии на кожата. Комплетно ја избегнувам двојната детерзија на кожата која се повеќе и повеќе се покажува како агресивна. Овој производ има две намени: измива и отстранува шминка. Така да доколку имате комбинирана кожа и сакате производ кој убаво ќе чисти, нема да масти ниту пак претерано да ја суши кожата, во тој случај ова е идеалниот производ за вас. 

Според упатството овој производ со помош на шпатулата се нанесува на сува кожа (наутро и навечер) и постепено се додава вода со цел да се направи полесен за работа. Мене лично полесен ми е следниов начин: го навлажнувам лицето со вода и со помош на шпатулата земам мал дел од путерот кој најнапред го втривам помеѓу навлажнетите дланки, а потоа на навлажнетата кожа на лицето.  На овој начин ми е многу полесно да го нанесам отколку на сува кожа на лицето. Потоа доколку е потребно додадете уште малку вода со цел почено да ја читите кожата на лицето. На крај убаво исплакнете само со млака вода и потапкајте ја кожата со пешкит (нежно тапкајте без многу триење).
 
После чистењето на лицето наутро и навечер нанесте убав хидратантен крем за лице како на промер оној на Др, Кохопка кој сигурно наскоро ќе го рецензирам.

2. Маска за лице


Вториот производ кој сакам да ви го претставам од истата линија е маската за лице на база на бела глина која може да ја користите еднаш неделно на вашата кожа, како додатна нега за хидратација и нормализирање на Т зоната на кожата. Овој производ исто така ме воодушеви најнапред според фурмулата каде состојките се 100% од природно потекло и 68,8% од органско потекло, а потоа и секако поради ефектот врз кожата. Станува збор за еден производ кој е многу пријатен за кожата ја остава мека, хидрарана и секако со редовна употреба помага во нормализација на себумот (мастите) на Т зоната.

Ајде како и за претходниот, така и за овој производ, да ја разгледаме декларацијата.


Базата на овој производ е глицерин кој прегу емулгаторите и пчелиниот восок е поврзан со маслената фаза односно комбинација на сончогледово масло, масло од сибирски бор, масло од жалфија и токоферол (чиста форма на вит. Е). Овој производ содржи каолин (бела глина) и sucrose palmitate кој во производов има улога на емулгатор со големо емолиентно (омекнувачко) дејство врз кожата. Како во путерот, така и овде се забележува просиство на титаниум диоксид.

Еве ја структурата на овој производ


Маскава се нанесува на убаво исчистено лице, се остава да делува околу 5 мин. и темелно се мие со млака вода. Со редовна употреба кожата ќе биде поубава, помека и секако со текот на времето ќе успее да ја нормализира Т зоната кај комбинираната кожа.

Јас имам комбинирана кожа и затоа сметам дека производиве се од огромна помош за овој тип на кожа. Чистачот е нешто феноменално и ви препорачувам да го земете за оддржување на правилна хигиена на кожата. Тој производ според мене е неизбежен. Доколку сакате комплетна нега и подобри резултати ви препорачувам да ја користите и маскава еднаш неделно. Верувајте ми ќе бидете повеќе од задоволни.
 
Овие два прекрасни производи може да ги нарачате онлајн на www.bellina.mk и комотно ќе ви стигнат на домашна адреса, или пак доколку сте од Скопје, посетете ги во нивниот БиоШоп кај позади цветен пазар во зградите.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и пред сѐ ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со нови интересни содржини. 

Ве гушкам
Вики

Comments