Здрава и сјајна коса со шампонот и регенераторот со скандинавски бобинки на Urtekram


Здраво драги мои,

пред извесно време од оваа органска марка ви предложив еден преубав шампон Anti Pollution со зелен чај кој стана бр.1 за мене, меѓутоа со оглед на тоа што го потрошив се решив да пробам уште еден шампон од оваа марка кој според мене ќе биде идеален за претстојниов летен период. Станува збор за линијата со скандинавски бобинки на Urtekram.

Овој шампон го користам веќе 3 недели и можам да кажам дека пријатно ме изненади бидејќи дава огромен сјај на косата, кој и те како е потребен особено по изминатиот пролетен период каде нашата коса е секогаш послаба и подложна на опаѓање. Овој шампон ќе дојде како вистинска витаминска бомба за косата. Освен шампонот ќе го разгледаме и регенераторот од истава линија за сите оние кои сакаат комплетен третман за својата коса. Ајде да започнеме.

1. Шампон за коса со скандинавски бобинки



INCI: AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, SODIUM COCO-SULFATE, COCO-GLUCOSIDE, GLYCERIN**, LAURYL GLUCOSIDE, GLYCERYL OLEATE, VACCINIUM MACROCARPON FRUIT EXTRACT*, SALIX PURPUREA BARK EXTRACT*, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT EXTRACT *, VACCINIUM MYRTILLUS FRUIT EXTRACT*, SACCHARUM OFFICINARUM EXTRACT*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT *, SODIUM CHLORIDE, CITRUS AURANTIUM DULCIS PEEL OIL*, CITRUS LIMON PEEL OIL*, SODIUM HYALURONATE, PARFUM, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE, COCO-CAPRYLATE, LYSOLECITHIN, XANTHAN GUM, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, LIMONENE.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Од декларацијата може да забележиме дека овој шампон има комбинација на благи и еколошки сурфактанти кои се во склад со природната и органска козметика. На втора позиција може да забележиме екстракт од алое, кој е одличен за косата со оглед на тоа што го прави самиот производ многу поблаг. Како екстракти може да се забележат: екстракт од шипинка, боровинка, волчји трн и брусница, како и етерични масла од лимон и портокал, кои навистина даваат огромен сјај на самата коса.


Прави убава пена при миењето благодарение на содиум коко сулфат кој е ставен како примарен сурфактант, кој меѓутоа е многу ублажен со коко глукозид, лаурил глукозид и глицерил олеате. Овие три се едни од најблагите сурфактанти и обично се користат да го ублажат и поддржат дејството на примарниот сурфактант.

Еве го резултатот од користењето на шампонот. Мора да напоменам дека на сликава подолу косата ја измив само со шампонот без употреба на регенераторот. Со оглед на тоа што имам тенко влакно кога ја исправувам косата, обично не ставам регенератор затоа што премногу ја омекнува и сплескува. Само со шампонот косата изгледа преубаво има убав сјај, диспиплинирана е и што е најважно кога ја исправив фризурата траеше.


Со оглед на тоа што овој шампон е многу благ за косата, топло го препорачувам како шампон за секојдневна употреба за време на летниот период или пак доколку практикувате спорт или базен и имате потреба од често миење на косата. Не само што ќе даде сјај на самата коса туку на некој начин ја храни и ревитализира истата, кој е од огромна важност за здравјето и убавината на самата коса.

2. Регенератор за коса со скандинавски бобинки


Регенераторот за коса од оваа линија е одличен за сите оние кои имаат погуста коса или пак виткана коса, каде неопходно е да се омекне косата со цел истата полесно да се исчешла. Јас обично го користам кога ја носам косата виткана со оглед на тоа што дава навистина голем сјај на самото влакно и на некој начин како да ја измазнува косата. Истата е многу мека, негувана и уредна.

INCI: AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, GLYCERIN**, CETEARYL ALCOHOL, COCO-CAPRYLATE, GLYCERYL CAPRYLATE, LECITHIN, VACCINIUM MACROCARPON FRUIT EXTRACT*, SALIX PURPUREA BARK EXTRACT*, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT EXTRACT *, VACCINIUM MYRTILLUS FRUIT EXTRACT*, SACCHARUM OFFICINARUM EXTRACT*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT *,OLUS OIL, SODIUM CETEARYL SULFATE, CETYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE SE, CITRUS AURANTIUM DULCIS PEEL OIL*, CITRUS LIMON PEEL OIL*, SODIUM HYALURONATE, PARFUM, MAGNOLIA OFFICINALIS BARK EXTRACT, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, SODIUM HYDROXIDE, LIMONENE. 
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Од декларацијата може да забележиме дека на втора позиција по водата има екстракт од алое вера и потоа состојки кои се неопходни во еден регенератор со оглед на тоа што ја омекнуваат косата. Може да забележиме дека овој производ содржи и лецитин од соја кој е прекрасен и неизбежен кога станува збор за производи за нега на косата како маски и регенератори. Не само што ја омекнува косата туку дава неверојатен сјај и ја прави мазна како свила. Од екстракти ги има истите како и шампонот кој го рецензирав погоре, односно: екстракт од шипинка, боровинка, волчји трн и брусница, како и етерични масла од лимон и портокал за поголем сјај на косата.

Овој регенератор уште при ненсувањето веднаш ја омекнува косата така да нема потреба многу да го држите. Доволно е да го нанесете на морка коса по миењето со шампонот, да поминете со прстите низ косата и да исплакнете со млака вода. За ова време регенераторот веќе ќе ја направи својата магија, односно ќе ја омекне косата и ќе го измазни самото влакно кое по сушењето ќе биде помеко и свиленкасто.

Еве слика од употребата на шампонот и регенераторот заедно. како што погоре напоменав обично ги користам двата кога косата ја носам виткана.



Драги мои, доколку вашиот проблем е безживотна коса, без сјај и виталност, овие два производи се идеални за вас. Ќе ја вратат вашата коса во топ форма по изминатиот зимски период (каде косата е задушена во капите под дејството на ладното) и по изминатиот пролетен период (каде косата е подложна на сезонски промени и се појавува зголемено опаѓање и губиток на сјајот на влакното).

Се надевам дека оваа статија ви се допадна, а доколку е така слободно оставете коментар или споделете ваше мислење или искуство за производиве доколку ги имате пробано. Да напоменам дека производиве може да ги најдете во продавниците Космо, на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово. Исто така може да се нарача онлајн на сајтот bellina.mk по цена од 465 мкд за шампонот и  475 мкд за регенераторот.

Ние се чистаме многу наскоро, немате појма какви статии ви подготвувам за многу убави и оригинални производи. Верувајте едвај чекам!!! :)

Ве гушкам
Вики


Comments