Свежи и заштитени во претстојниот топол период со органските деодоранси на Urtekram


Здраво драги мои,

дојде пролетта а со неа и убавите топли денови кои тек допрва ќе бидат се помногубројни и потопли (со доаѓањето на летото).За жал овие прекрасни топли денови со себе носат и еден малку непријатен проблем за повеќето од нас, односно потењето. Секојдневните обврски, трчањето од едно место на друго, топлината, синтетичката облека, сето тоа придонесува до зголемено потење кое честопати е пропратено со непријатна миризба (особено за оние кои се околу нас). На пазарот се нудат многу производи, особено оние магични деодоранси кои ветуваат дека штитат 24, 48 па дури 62 часа...меѓутоа колку и дали се навистина добри за нашиот организам?

Деодорансите начелно може да ги поделиме во две главни категории и тоа: антиперспиранти и антибактериски.

Антиперспирантите делуваат на тој начин што го спречуваат потењето и со самото тоа нема лош мирис. Главна состојка на антиперспирантите е алуминиумот. Би сакала да цитирам еден од најпознатите италијански хемичари Фабрицио Ѕаго, кој лично многу го почитувам, кој за алуминиумот вели: “ Механизмот на антиперпирантите е всушност присуството на алуминиумот во нив кој делува врз повлекување или контракција на мазниот мускул во пределот под пазувите“. Ете зошто се контролира потењето и мислам дека ова објаснува се. 

Алуминиумот во декларацијата можа да се најде како: aluminium chlorohydrate или алиминиумова сол, или potassium alum (присутен во голем број на деодоранси кои се декларираат како природни или органски), кој е природна сол составена од алуминиум и потасиум. Дали алиминиумот е присутен како aluminium chlorohydrate или пак potassium alum крајниот резултат е ист, разликата е во брзината со која се ослободува во организмот. Првиот е побрз, додека за вториот е потребно повеќе време. 


Антибактериските деодоранси имаат за цел да го неутрализираат лошиот мирис преку делување врз бактериите кои се природно присутни на нашата кожа. При процесот на потење се зголемува пХ вредноста односно од 5,5 оди накај 7. Овие бактерии (кои како што веќе напоменав се природно присутни врз нашата кожа) се многу поактивни на пХ 7 отколку на пХ 5,5 така да прават еден вид на деградација на компонентите на потта, односно ги ситнат на многу молекули кои успеваат да се „одделат“ и стигнат до носот на оние кои се околу нас. Како антибактериски деодоранси се сметаат оние на база на третил цитрат, алкохол и сода бикарбона.


Знаете дека јас сум голем поборник на природните деодоранси, бидејќи според мене колку и да е комотно да бидеме чисти и суви, не е воопшто нормално да го спречуваме природниот процес на потење преку кој нашиот организам најнапред ја оддржува природната топлина (правилна терморегулација), а потоа и преку потта ги исфрла сите штетни материи од самиот организам кои воопшто не се потребни. Токму затоа драги мои во денешнава статија ќе ви предложам два прекрасни природни и органски рол он од марката Urtekram: рол он со кокос и рол он со нордиски бобинки, кои се навистина одлични.

Овие деодоранси ги тестирав во разни ситуации и разни денови: потопли, поладни, со повеќе облека, при спортување и секако при трчање од едно место на друго поради секојдневни обврски. Доколку сте љубопитни да дознаете нешто повеќе за овие производи продолжете да читате.

 Како и за секој производ ајде најнапред да поразговараме за декларацијата и да ви објаснам на кој начин и зошто функционираат

Рол он со кокос



INCIAQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, TRIETHYL CITRATE, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, GLYCERIN**, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, ZEA MAYS STARCH*, ZINC RICINOLEATE, GLYCERYL CAPRYLATE, COCOS NUCIFERA OIL*, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, CITRUS AURANTIUM DULCIS PEEL OIL*, PARFUM, XANTHAN GUM, MAGNOLIE OFFICINALIS BARK EXTRACT, SODIUM HYALURONATE, HEXAPEPTIDE-11, BISABOLOL, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, LIMONENE.

од органско потекло

Рол он со нордиски бобинки


INCI: AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, TRIETHYL CITRATE, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, GLYCERIN**, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, ZEA MAYS STARCH*, ZINC RICINOLEATE, GLYCERYL CAPRYLATE, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, VACCINIUM MACROCARPON FRUIT EXTRACT*, SALIX PURPUREA BARK EXTRACT*, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT EXTRACT *, VACCINIUM MYRTILLUS FRUIT EXTRACT*, SACCHARUM OFFICINARUM EXTRACT*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT *, CITRUS AURANTIUM DULCIS PEEL OIL*, CITRUS LIMON PEEL OIL*, SODIUM HYALURONATE, HEXAPEPTIDE-11, PARFUM, MAGNOLIA OFFICINALIS BARK EXTRACT, XANTHAN GUM, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, LIMONENE, LINALOOL.

од органско потекло

Како што може да забележите од декларациите овие два рол он деодоранси имаат многу слична база (да не речам скоро иста) се менуваат секако екстрактите и маслата во самиот производ. Меѓутоа базата за деодоризирање е иста на база на триетил цитрат. Ајде да ви објаснам зошто и како функционираат.

Како што веќе напоменав при потењето се качува пХ вредноста и бактериите кои се “заслужни“ за непријатниот мирис се поактивни на повисока пХ вредност. При нанесувањето на овој рол он со триетил цитрат, оваа состојка кога ќе дојде во контакт со нашиот организам при зголемување на пХ вредноста се разредува на две молекули односно: етил алкохол и лимонска киселина.

Етил алкохолот го намалува размножувањето на бактериите, додека лимонската киселина ја спушта (намалува) пХ вредноста и со тоа го спречува дејството на бактериите. Во оваа формула триетил цитратот е потпомогнат од уште една многу важна состојка а тоа е цинк рицинолеат. Оваа состојка во козметиката е позната како “апсорбирач на мириси“ и нејзина цел е да го апсорбира лошиот мирис на бактериите кој потоа е неутрализиран од страна на триетил цитратот преку намалување на пХ вредноста. Затоа многу често овие две состојки одат заедно во еден убаво формулиран деодоранс, бидејќи се надополнуваат.


И двата деодоранси имаат алое вера во својот состав кој ја омекнува кожата и се навистина многу деликатни како производ. Содржат понатаму убави масла кои ја негуваат нежната кожа под пазувите како бадемово масло, кокосово масло, масло од јојоба и секако шеа путер. Ова е од огромно значење за мека и нежна кожа која истовремено е заштитена од непријатни мириси. Како што веќе напоменав екстрактите се различни и секако мирисот на секој од овие рол он е различен.

Ајде да преминеме на дејството на истите. Ги истестирав и двата како јас така и сестра ми (потребно ми беше и второ мислење секако) и можам да ви кажам дека овие два деодоранзи имаат мала меѓусебна разлика. Оној со мирис на кокос според мене е многу поиздржлив доколку природно повеќе се потите или се занимавате со спорт. Има многу убав интензивен мирис на кокос кој е навистина долготраен и потсетува на плажа, море... Цинк рицинолеатот освен тоа шт апсорбира мириси од телото честопати знае да го “јаде“ и мирисот од самиот парфем ставен во деодорансот. Со оглед на тоа што овде има интензивен мирис на кокос овој рол он е издржлив како секојдневно за извршување на секојдневните обврски, така и при спортување. 

Секој од нас е различен, различно се исхрануваме (а верувајте ми од исхраната зависи сѐ) и како резултат на тоа различно се потиме и потта не ни мириса еднакво секако, така да можам да ви кажам дека во мојот случај овој рол он потребно беше да се нанесе два пати дневно: еднаш наутро и еднаш попладне (само како мало освежување на мирисот). Истово го потврди и сестра ми која го тестираше врз себе.

Деодорансот рол он со мирис на нордиски бобинки е за нијанса послаб од кокосовиот. Овој е погоден за оние кои помалку се потат или пак оние на кои им сметаат силни мириси (има голем број на луѓе кои се алергични на силни мириси или пак едноставно не ги поднесуваат). Овој не би го препорачала за време на физичка активност, туку за секојдневна употреба доколку не се потите премногу. Има навистина нежен мирис на бобинки кој е многу пријатен и воопшто не е нападен. Деодорансот како производ делува, односно ја извршува својата намена, меѓутоа мирисот послабо се чувствува за разлика од оној со кокос. Јас лично овој морав да го нанесат три до четири пати дневно, додека за кокосот без доволни два пати (иако одлично функционира и само со едно нанесување, вториот пат беше за освежување на мирисот кој е прекрасен).


Сите сме различни и секој од нас има разни потреби така да доколку сакате поинтензивна заштита одберете го кокосовиот рол он, а за секојдневните обврски одберете го оној со нордиски бобинки. Мислам дека има за сечиј вкус. Сепак станува збор за природна и сертифицирана органска козметика која за разлика од многу останати сертифицирани органски марки се доста попристапни бидејсќи и двата рол он може да ги најдете по цена од 495 мкд. Овие производи може да се купат на штандовите на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор, а секако може да ги нарачате и онлајн на следниов линк

Драги мои, за на крај може само да ви кажам грижете се за вашето тело и здравје и користете само природни и органски деодоранси без алуминиум. Дали е поважно да не се потиме или да бидеме здрави и да му дозволиме на организмот да се поти и правилно да функционира? До пред извесно време немавме многу избор и мораше да користиме деодоранси на база на алуминиум мислејќи дека сме заштитени, чисти и намирисани. Меѓутоа откако се појавија и органските деодоранси кои се одлична валидна алтернатива, а и откако многу доктори почнаа да ги поврзуваат случаите на рак на дојката токму поради пролонгираното дејство на алуминиумот во организмот, мислам дека потребно е да донесете правилна одлука. Користете ги деодорансите на Urtekram  и бидете природно заштитени од лошите миризби во претстојниот пролетен и летен период,

Јас ве гушкам и се читаме наскоро со нови интересни содржини.
Вики

Comments