Витамински третман за кожата на лицето
Здраво драги мои, во оваа статија би сакала да ви претставам една прекрасна линија за нега на кожата која одлично одговара за овој период, бидејќи се базира врз екстракти богати со витамини кои го враќаат здравиот изглед и сјај на кожата. Особено сум воодушевена од серумот, меѓутоа секако сите три производи се одлични за нега на кожата. Станува збор за пената за миење, серумот и кремот од линијата Chobs на база на јаболко и витамини од овошни екстракти. Пена за миење од јаболко Започнуваме со производот кој е база на скоро секоја рутина. Јас признавам дека сум љубител исклучиво на млека за чистење на лицето со оглед на тоа што се два во еден и истовремено вадат шминка и мијат, меѓутоа мора да кажам дека пријатно бев изненадена од овој производ. Станува збор за нежен производ кој ја мие кожата без да ја суши. СОСТОЈКИ (INCI): AQUA,*PYRUS MALUS (APPLE) FRUIT WATER, *GLYCERIN, DECYL GLUCOSIDE, POTASSIUM OLIVOYL PCA, COCO-BETAINE, *MELALEUCA ALTERNIFOLIA (TEA TREE) LEAF WATER, SCUTELLARIA